11 глупави знаци кои ве издаваат дека сте лудо заљубени

Почетната фаза на вљубеност кај некои трае пократко, кај други подолго. Но, во тој период се случуваат најсмешните и најнелогичните ситуации кои си ги дозволувате само затоа што немате контрола над себе.

11-glupavi-znaci-koi-ve-izdavaat-deka-ste-zaqubeni-01

Љубовта тотално ве зашеметува и чувствувате како да не газите по земја. Сепак, некои глупави знаци и реакции ве издаваат.

Оние кои ве гледаат од страна тешко ве разбираат иако знаат што ви се случува, а вам сето тоа ви изгледа нормално.

Ако некогаш забележите некои од овие 11 глупави реакции кај себе, можеби треба да се замислите колку вреди:

1. Тој/таа ве фрустрира и вади од кожа во многу ситуации, но вие имате разбирање

Којзнае колку пати сте се обиделе нешто да ѝ укажете на личноста, а сè што добивате е некое нелогично размислување и постојано се расправате, но кога ќе размислите или кога ќе сакате да се пожалите, тоа го кажувате со таква страст, што јасно е дека може што сака некој да ви каже и нема да може да ви помогне, со оглед на тоа колку сте занесно вљубени.


2. Не ви е важно што зборувате

Тоа може да биде и најдосадната и најглупавата тема на разговор, која немала никаква поента, но на крајот вие си заминувате среќни како да сте разговарале за најважното нешто и како којзнае што да сте си кажале. Кога и разговорот за времето надвор ви предизвикува насмевка, дефинитивно сте во облаци.


3. Си го комплицирате животот

За оваа личност сте подготвени да одите и преку мориња и планини. Целиот распоред го креирате според обврските на другиот. Ако треба излегувате порано од работа, плаќате такси, хотел, вложувате време само за да бидете заедно.

11-glupavi-znaci-koi-ve-izdavaat-deka-ste-zaqubeni-4.jpg

4. За него/неа би ја правеле и најнеомилената активност

Можеби никогаш не сте сакале да пешачите или да одите во шопинг, но ако тоа го сака другата личност, тогаш сте подготвени да вложите максимални напори за да ја задоволите, па дури и се преправате дека и вие го сакате истото. Сè ви е полесно да направите кога сте заедно со оваа личност.


5. Премногу сте опуштени, дури и претерано

Наеднаш толку многу се приврзувате и ја сметате другата личност за блиска, па си дозволувате и да извршувате физиолошки потреби во бањата додека тој/таа се тушира. Испуштате гасови за да предизвикате хистерично смеење, без потреба и слично. Дури не сте ни свесни колку глупаво изгледа тоа од страна, затоа што вие сте заљубени до уши.


6. Доволни ви се две минути внимание за да ви го направи денот

Може да сте го имале и најдобриот и најлошиот ден, но доволно е вечерта тој/таа да ви се јави и тоа да биде најубавиот момент вреден за цел ден. Ништо не ви е поважно од неговото/нејзиното внимание.

11-glupavi-znaci-koi-ve-izdavaat-deka-ste-zaqubeni-2.jpg

7. Ве тера да викате

Без разлика дали на позитивен или негативен начин, но неговото/нејзиното присуство ве прави погласни. И смеењето и бесот ви се погласни. Тоа е некоја психофизичка состојба за која дури и не сте свесни. Едноставно не успевате да си ги контролирате реакциите кога сте заедно.


8. Дури и залудно потрошеното време со таа личност не ви изгледа изгубено

Можете и цел ден да се излежувате и ништо посебно да не прозборите, а вам да ви биде најубав ден. Тоа дефинитивно го чувствуваат само лудо вљубените.


9. За с
è што ви паѓа на памет прво го прашувате партнерот

Може тоа да се и најбанални и најкомплицирани прашања кои сигурно ако размислите подобро не би можел тој/таа да ги знае, но сепак тоа е првата личност на која ѝ се обраќате.

11-glupavi-znaci-koi-ve-izdavaat-deka-ste-zaqubeni-3.jpg

10. Сè ве потсетува на него/неа

Сè што ви се случува во текот на денот, животот, ве потсетува на една личност. Се чувствувате како да не сте имале самостоен живот пред и потоа. Ја препознавате во секоја друга личност, ситниците кои ги прават другите луѓе ви се чинат како да ја имитираат. Песните кои и немаат врска со вашата приказна ве потсетуваат само затоа што случајно сте ги слушале заедно додека сте се возеле во автомобилот. Тотално нелогични случајности вие ѝ ги препишувате само на оваа личност.


11. Се плашите дека ќе ве повреди

Без разлика дали е некоја врска на почеток или подолго време сте заедно, зависно од тоа колку сте си допуштиле, вие знаете каде може да води сето тоа. Понекогаш толку многу сте се предале што сте свесни дека тоа е личноста која може да ве повреди или навреди на кој било начин затоа што сте слаби на неа и ви значи. За жал, поради лудата вљубеност некој може да ви го скрши срцето.

11-glupavi-znaci-koi-ve-izdavaat-deka-ste-zaqubeni-5.jpg

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg