Мислиш дека си го преболела? Провери ги овие 6 знаци

Нормално е дека не може преку ноќ да преболите некој кој ви бил особено драг, но понекогаш е потребно и многу повеќе време. Гордоста и суетата можеби не ви дозволуваат да си признаете дека колку и да сакате сето тоа да е завршено, сепак немате целосно расчистено.

mislis-deka-si-go-prebolela-proveri-gi-ovie-6-znaci-01

Колку и да си велите готово е, го преболев, можеби треба да ги проверите овие 6 знаци кои укажуваат дека сепак ви треба малку повеќе време.

1. Уште мислите на него

Дури не сте ни свесни дека уште ви е во главата. Но, ако во текот на вашиот ден, повеќе пати се запрашате што прави тој во моментот, дали ја прочитал книгата која сте му ја подариле и слично, тогаш сè е јасно. Неговото име го слушате насекаде, па дури и кога никој не го спомнува. Дефинитивно мислите на него.


2. Заинтересирани сте за сите, но и за никој посебно

Можеби со сила сакате да најдете некој нов со кој ќе го замените, а всушност во сите го барате него и не го наоѓате. Тоа е дефинитивен знак дека не сте го преболеле.


3. Сè
би направиле за него

Глумите горделива и недостапна, како воопшто да не сте заинтересирана, но во кој било момент да му е потребно нешто од вас, ќе направите сè за да му помогнете, иако ќе се преправате дека само случајно сте завршиле.

mislis-deka-si-go-prebolela-proveri-gi-ovie-6-znaci-1.jpg

4. Повремено заборавате дека сте раскинале

Колку и да поминало време вие кога зборувате за него раскажувате како сè уште да сте заедно и некако заборавате дека одамна имате раскинато и дека можеби тој има нова девојка.


5. Кога постигнувате некаков успех, тој е првата личност со која би ја споделиле среќата

Во животот имате и многу други драги личности со кои ги споделувате радостите, но секогаш тој е првата личност на која помислувате и замислувате дека би му истрчале во прегратка за да ја споделите новоста или веднаш би му се јавиле.


6. Кога некој ве прашува да го опишете совршениот маж, вие го давате неговиот опис или доволно е само да му го кажете името

Без разлика дали разговарате на општа тема или гледате филм во кој некој пар е силно вљубен и романтичен или читате книга со таков лик, единствениот на кој помислувате е токму вашиот бивш.

Ова се дефинитивни знаци дека ви треба уште многу време за да го преболите.

mislis-deka-si-go-prebolela-proveri-gi-ovie-6-znaci-2.jpg

Би можело да ве интересира:

7 знаци дека имате одличен сексуален живот со партнерот (број 6 е клучен) Сметате дека вашата предигра е подобра од нечиј сексуален чин, постојано комбини...
9 знаци дека партнерот ви е лојален (и може да му верувате) Што е тоа што лојалниот партнер го прави поинаку од другите? Како да препознаете...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg