11 типа мажи кои ќе бидат најдобри сопрузи

11-tipovi-mazi-koi-se-najdobri-sopruzi-01

Постојано се составуваат разни листи на карактеристики кои треба да ги поседува добриот маж.

Секоја жена си има и своја замисла, но вистински добриот маж треба да го барате меѓу следниве 11 типови:

1. Маж кој е смирен за време на криза

Без разлика со кого сте омажени бракот и животот е преполн со турбуленции. Може да се најдете во безброј непријатни ситуации, губење на работно место, блиска личност, здравствени или финансиски проблеми. Во тој случај идеален маж би бил оној кој не паничи, туку ја смирува целата ситуација или ве смирува вас. Некој кој ви дава поддршка и секогаш е покрај вас за време на кризата.


2. Семејни мажи

Еден од најдобрите знаци дека некој ќе биде добар маж е тоа кога е близок со членовите од неговото семејство, добро се однесува кон нив, бидејќи подоцна истото ќе го пренесе и во семејството кое ќе го оформи со вас.

11-tipovi-mazi-koi-se-najdobri-sopruzi-3.jpg

3. Маж кој нема потреба секогаш да е во право

Несогласувањето и инатењето не се она што ви е потребно секој ден. Оние кои имаат таква карактеристика не можете да ги промените и ќе треба постојано да се справувате со тоа. Затоа ви е потребен маж кој нема потреба секогаш да биде во право или да се натпреварува со вас.


4. Мажи кои се добри вујковци/чичковци

Кога ќе видите колку е нежен и грижлив кон своите внуци, може да бидете убедени дека уште подобро ќе се однесува кон вашите заеднички деца. Да се има трпение и љубов за некој друг е нешто посебно. Ваквите мажи се најпосакувани сопрузи.

11-tipovi-mazi-koi-se-najdobri-sopruzi-2.jpg

5. Љубезни мажи

Многу мажи знаат и да ја одглумат љубезноста, но се познава и кога тоа на некого му е природно и спонтано, односно дел од културата и домашното воспитување.


6. Maж кој ве третира како жена, а не како девојче

Секоја жена сака да се чувствува сигурно покрај мажот. Но, постојат два типа мажи кои можат да направат да се чувствувате вака. Едните ве третираат како да сте слаби и кршливи, па премногу се заштитнички кон вас, додека другите го вадат најдоброто од вас со тоа што ви ја покажуваат својата почит, ве ценат и знаат како да ве подигнат на пиедестал.

11-tipovi-mazi-koi-se-najdobri-sopruzi-4.jpg

7. Маж подготвен „да се врзе“

Колку и да тврдат мажите дека не сакаат „да се врзат“ и не сакаат венчавки со ветување за вечност, толку од друга страна повеќе се плашат дека ќе го изгубат она што го сакаат. Потребен ви е маж кој ќе биде сигурен дека сака да го помине животот со вас и не се плаши тоа да го каже.


8. Маж кој знаат како да управува со парите

Не мора да биде банкар, но треба да знае како да заштеди или за што е важно и неопходно за да се вложат повеќе пари, а што е она што е луксузно и непотребно во некој момент. Тоа е маж кој знае да управува со парите и со кој нема да се доведете во ситуација на неплатени сметки.

11-tipovi-mazi-koi-se-najdobri-sopruzi-1.jpg

9. Маж кој сака секогаш да напредува

Има мажи кои сметаат дека треба да бидат прифатени со сите нивни маани и доблести и дека нема потреба да се менуваат. Но има и мажи кои секогаш се подготвени да направат нешто подобро, важно им е вашето мислење и прифаќаат кога треба да променат нешто на подобро. Тоа е зрел маж кој би го посакала секоја жена.


10. Маж кој секогаш знае да ве поддржи

Во која било ситуација, секогаш е потребно некој да ви биде поддршка и да биде тука, во секое време. Без разлика дали се работи за нешто добро или лошо, на секоја жена ѝ е потребен маж кој ќе се радува со неа на успесите, ќе ѝ биде утеха во проблемите или ќе ѝ укаже на грешките.


11. Маж кој има страст и се бори за она што го сака

Добар маж е оној кој знае да ја преземе контролата и да се бори за она што го сака. Тој никогаш нема да ве навредува и обвинува вас, туку ќе се потруди да допринесе за да успее да го оствари она што е најдобро за двајцата.

11-tipovi-mazi-koi-se-najdobri-sopruzi-6.jpg

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg