23 Знаци дека конечно ја пронајдовте сродната душа

Постојат луѓе кои ги среќаваме и без ниту една причина делиме длабока поврзаност како со никој до тогаш...

24-znaci-deka-ja-pronajdovte-srodnata-dusha-1

Ако веќе сте ја пронашле онаа личност која вистински ве разбира и познава, не пуштајте ја, бидејќи таа се среќава само еднаш во животот.

Овие 23 знаци докажуваат дека конечно сте ја пронашле сродната душа:

1. Знаете на што мислите штом се погледнете.

2. Не можете да се сетите како ви било пред да ја запознаете оваа личност.

3. Таа личност знае како да ве смири кога сте вознемирени.

4. Знае како да ви се вовлече под кожа, но не се обидува тоа да го направи.

5. Пред вас секој ден поставува нови предизвици, бидејќи знае дека така ќе ги остварите своите соништа.

6. Дури и после многу години поминати заедно, сѐ уште меѓу вас постои хемија.

7. Кога сте со оваа личност, вие се чувствувате удобно.

8. Кога сте разделени, обично разговарате преку телефон или се допишувате.

9. Понекогаш ви се чини како да се познавате цел живот.

10. Не се согласувате за некои работи, но секогаш сте на истата страна.

11. Неговата/нејзината фамилија како да е и ваша.

12. Не чувствувате потреба да барате нешто ново, бидејќи се чувствувате целосно задоволни со тоа што го имате.

24-znaci-deka-ja-pronajdovte-srodnata-dusha-2

13. Повредени сте тогаш и кога таа/тој е повреден/а.

14. Тој/таа е дел од секоја приказна која ја раскажувате.

15. Сродната душа смета дека и чудните работи кои ги правите се неодоливи.

16. Вие сте подобра личност кога сте заедно.

17. Секогаш ги поддржува вашите соништа дури и кога звучат лудо.

18. Вие сте динамично дуо, совршен пар, вистински тим.

19. Се чувствувате сигурно и заштитено.

20. За прв пат сфаќате дека домот не е место или простор, туку личност.

21. На некој начин, станавте иста личност.

22. Со сродната душа сте најдобрата и најлошата верзија од себе, а таа сепак ги сака подеднакво и двете.

23. И сами знаете, некаде длабоко во себе, дека тоа е „тоа”. 

Би можело да ве интересира:

7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
7 знаци дека имате одличен сексуален живот со партнерот (број 6 е клучен) Сметате дека вашата предигра е подобра од нечиј сексуален чин, постојано комбини...
9 знаци дека партнерот ви е лојален (и може да му верувате) Што е тоа што лојалниот партнер го прави поинаку од другите? Како да препознаете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg