9 работи кои ги научив за бракот и љубовта откако 3 пати се омажив

Блогерката Мишел Комбс е жена која 3 пати била во брак, а тие различни искуства и помогнале да научи повеќе лекции за љубовта и човечките односи.

9-raboti-koi-gi-nauciv-za-brakot-i-ljubovta-otkako-3-pati-se-omaziv-01.jpg

За да им помогне на сите жени кои се во брак или врска, таа со нив сподели 9 лекции кои ги научила на своја кожа.

1. Крајот е тежок

Нема разлика дали ќе останете пријатели или ќе се мразите. Крајот на едно животно партнерство е секогаш тежок, но станува полесен кога ќе одмине одредено време. Еден ден ќе се разбудите и точно ќе знаете дека тоа искуство ве направило посилни.


2. Задржувањето на огорченост создава болка

Огорченоста која ја потиснувате нема да ви донесе ништо добро. Познавам една жена која уште пред 15 години се разведе од сопругот, кога децата и беа многу мали. До ден денес кога и да зборува за својот сопруг таа вели „кога сопругот ме остави и ни го уништи животот...“ Никогаш до сега нема кажано „кога се разведовме“ или „кога мојот брак заврши“. Жал ми е за неа, затоа што гледам дека огорченоста и носи само болка.


3. Вашите деца ќе бидат опкружени со луѓе кои не можете да ги бирате

Јас не сакав уште една жена да го одгледува мојот син. Но, немав избор. Таа не беше добра за него, не го сакаше и се однесуваше лошо. Сепак мислам дека и тоа искуство беше од големо значење за мојот син. Тој им беше како куќна помошничка и бебиситерка, а беше толку мал. Имаше само 5 години кога еден викенд се врати од кај татко му и ми раскажа колку облека морал да здипли.


4. Луѓето ќе ве осудуваат

Не им обрнувајте внимание. Нивното мислење за вашиот живот е нешто што не треба да ве интересира.

9-raboti-koi-gi-nauciv-za-brakot-i-ljubovta-otkako-3-pati-se-omaziv-02.jpg

5. Луѓето ќе се прашуваат што не е во ред со вас

Понекогаш луѓето ќе бидат непријатни и ќе ви го постават прашањето „што не е во ред со тебе?“ Мој предлог е да им одговорите со уште понепријатно прашање, зависно од проблемите на личноста која стои пред вас.


6. Нема секогаш да имаат разбирање кога ќе ви биде тешко

Некои дури и може да ви возвратат со „тоа го сакаше“ или „сам/а си го бараше.“ Игнорирајте ги. Одберете луѓе кои ќе ве ислушаат, поддршката ви е посебно важна во било каква непријатна ситуација.


7. Најдете занимација

Ова помага во многу стресни ситуации. Јас никогаш не можев да направам сама, немав доволно трпение, но се обидов. И се обидувам додека не се изморам.


8. Дајте си одмор

Не дозволувајте да влезете во магичниот круг на „што ако“ и „да го направев тоа сега ќе беше поинаку“. Тоа нема да ви помогне. Тоа е самоказнување. Гледајте напред.


9. Не се извинувајте

Многу луѓе имаат различни мислења за луѓето кои се разведени или минуваат низ развод. Тоа е ваш избор заради кој не треба да се извинувате. На никој ништо не му должите, освен самите на себе.

И јас се срамев пред да се омажам последниот пат. Го сакав Ренди, а не сакав да стапам во брак заради тоа што ќе кажат луѓето.

А сега? Сега сум среќна. Го сакам својот сопруг, иако повремено ме полудува.

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg