Водење љубов vs. Секс

vodenje-ljubov-vs-seks-povekjeДали навистина постои разлика помеѓу секс и водење љубов? Покрај многубројните дебати и најразлични мислења и ставови на оваа тема...

 

...еве едно размислување, кое можеби ќе ви помогне да ја разберете суштината и разликата помеѓу сексот и водењето љубов.

Сексvodenje-ljubov-vs-seks

Кога имате секс станува збор само за вашето тело. Вие реагирате на потребата на вашето тело за ослободување и релаксација.

Секс можете да имате со својот постојан партнер/ка или пак со некој со кого ќе поминете само една ноќ заедно. Најчесто е мислењето дека кога сте во кревет со својот постојан партнер/ка тоа е водење љубов, но не мора секогаш да биде така.

Понекогаш едноставно не ви се потребни романтика и емоции, туку едноставен и чист физички контакт. Сексот може да ве опушти и релаксира.

Водење љубов

Водењето љубов е со личност за која ве врзуваат силни чуства и емоции и со која споделувате врска во која сте вложиле многу време и енергија.

Кога водите љубов станува збор за поврзување со саканата личност. Додека водите љубов не го активирате само телото, туку и срцето и мозокот, препуштајќи им се и на чуствата и мислите. Водењето љубов најчесто е побавно, сензуално и моќно.

Разликата помеѓу водење љубов и секс е тешко да се опише, но кога ќе ја почуствувате ќе знаете. Воопшто не станува збор за тоа дали сте со својот партнер/ка или со некого со кого немате ништо заедничко. Многу парови се во долгогодишни врски, па сепак едноставно имаат само секс и ништо повеќе од тоа.

Водењето љубов ве носи на едно повисоко ниво на комуникација со партнерот/ката.

Мора да се трудите за да ја одржите постојаноста во врската и водењето љубов.

Би можело да ве интересира:

5 популарни митови за врските во кои треба да престанете да верувате Среќните парови никогаш не се расправаат, а партнерите мораат да имаат исти инте...
Една секс поза со која ќе ја излудите секоја жена, според хороскопскиот знак (18+) Жените родени во знакот Лав сакаат да ја покажат својата флексибилност, а на Ско...
7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
Прашања за сексот што ги мачат средовечните луѓе (и им е срам да ги постават) Дали имаме доволно  секс и што ако сексот стане здодевен - кои се најчестит...
10-те најчитани секс пози на CRNOBELO.com – Која е на врвот? (18+) Која секс поза е најчитана и привлекла најмногу внимание кај читателите на CRNOB...
Како да му признаете на партнерот дека сте го излажале, без (премногу) да ги повредите неговите чувс... Важно е да се извините искрено, а ако станува збор за голема лага, немојте да го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg