9 чудни причини зошто жените не доживуваат оргазам

Само 10% од жените се среќнички кои можат лесно да доживеат оргазам, покажуваат истражувањата. Што се однесува до останатите шокантни 90%, главни виновници за непостигнување на оргазам се лошите, неудобни пози и (не)расположението, но постојат уште неколку помалку познати фактори кои влијаат врз тоа дали таа доживеете сексуално задоволство.

9-cudni-pricini-zosto-ne-dozivuvate-orgazam-0

Откријте кои се тие 9 невообичаени причини поради кои оргазмот изостанува после страсна секс партија.

1. Денот го поминувате во седење

Ако работниот ден го поминувате во седење може да дојде до скратување на карличните мускули, што пак може да доведе до силна болка во карлицата и да предизвика потешкотии во постигнувањето оргазам.

Дел од луѓето кои страдаат од ова веќе после неколку месеци ги чувствуваат последиците од долгото седење додека останатите може да поминат и повеќе години без да развијат симптоми.

За да ја спречите болката, додека сте на работа станувајте на секој половина час или час и направете неколку чекори, колку да ги исправите и протегнете мускулите. Ако никој не ве гледа, направете и неколку чучњеви.


2. Носите премногу високи потпетици

Според докторите честото носење на високи и тенки потпетици може негативно да се одрази врз карлицата и врз мускулите на грбот кои се поврзуваат со мускулите и нервите кои водат до матката и гениталиите.

Кога мускулите од грбот се напнати поради долгото носење на обувки со висока потпетица, тие не можат да го пренесат импулсот за возбуда кој е неопходен за оргазам.


3. Пиете премногу алкохол, а премалку вода

На телото му е потребна вода за да може да постигне оргазам. Ткивото преку кои чувствуваме сексуално задоволство е составено од колаген, еластин и релаксин и за да може правилно да си ја врши работата, потребно е да може да лизга а за тоа е потребно вода.

Затоа не заборавајте редовно да пиете вода, особено ако сте пиеле жестоки пијалаци, бидејќи алкохолот го дехидрира телото.

9-cudni-pricini-zosto-ne-dozivuvate-orgazam-1

4. Пиете лекови

Лековите наменети за регулирање на крвниот притисок, контрацептивните пилули и антидепресивите се главни виновници за тешко достигнување оргазам. Ако придружна појава на лековите кои ги земате е зголемување на нивото на пролактин, протеин кој го намалива либидото, тогаш ова може да биде дел од проблемот.

Исто така, антихистамините може да го намалат природното вагинално навлажнување и да направат сексот да биде непријатен и болен. Во овие ситуации се препорачува да користите лубриканти за да се заштитите од болката и да се доближите до оргазмот.


5. Не е до вас, туку е до него

Ниедна жена не е градена исто, па така потезите и движењата кои прават една жена да доживее врескачки оргазам кај друга нема ама баш ништо да постигнат. Отворено кажете му каде да ве допре и која поза најмногу ви одговара.


6. Тивки сте

Викањето и стенкањето за време на сексот прават чуда за постигнување оргазам. Ако се обидувате да бидете тивки, без разлика дали се плашите да не ги разбудите домашните или бидејќи ви е незгодно од тоа како звучите, сами си ги намалувате шансите да свршите.

Сепак не сте за врескање? Тогаш засилете го сензорното уживање во сексот со тоа што поинтензивно ќе го доживеете триењето на вашата кожа од неговата, уживајте во притисокот на неговото тело врз вашето, внесете се во бакнежите...


7. Не мастурбирате доволно

Колку почесто мастурбирате, толку полесно ќе доживеете оргазам за време на секс со партнерот, покажуваат истражувањата од оваа област. Експертите препорачуваат жените да мастурбираат најмалку три пати неделно - оргазмот повлекува со себе нов оргазам.


8. Нивото на окситоцин ви е прениско

„Љубовниот“ хормон оди рака под рака со оргазмот. Ако вашето тело не создава доволно окситоцин, потешко ќе ви биде да свршите. Нивото на окситоцин веројатно ви е ниско ако се чувствувате анксиозни или не сте расположени за нештата во кои порано сте уживале.

За среќа, научно е докажано дека поминувањето повеќе време со вашиот партнер, гушкањето и бакнувањето го покачуваат нивото на окситоцин. Имате четириножен пријатели? Играњето со милениче исто така може да го покачи нивото на овој хормон.

9-cudni-pricini-zosto-ne-dozivuvate-orgazam-2

9. Не уринирате пред секс

Ако имате навика да не одите во тоалет пред да имате секс, ништо чудно што имате потешкотии во постигнувањето оргазам. Стимулацијата од сексот плус потребата да одите во тоалет не е добра комбинација. Многу е тешко да се опуштите доволно за да доживеете оргазам кога бешиката ви е полна и цело време мислите на тоа колку ви се оди во тоалет.

Би можело да ве интересира:

Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Бон-тон правила во сексот што секоја културна жена треба да ги знае (18+) По сексот секогаш бидете подготвени да си заминете, освен ако партнерот не ви ка...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg