Како да живеете со нарцис?

Нарцисот по природа е себична личност. Тој гледа само на своите потреби не внимава на другите. Како што далтонистите се слепи за некои бои, така нарцисот е слеп за потребите на другите.

kako-da-se-naucite-da-ziveete-so-narcis-01.jpg

Си било еднаш едно момче кое покрај тоа што било најдобриот ловец било познато и по неговата неверојатна убавина на која никој не може да и одолее. Еден ден кога бил на лов на елени, една нимфа успеала да го донесе до најблиското езеро каде во одблесокот од езерото го здогледал својот одраз. Останал засекогаш да се восхитува на својата неверојатна убавина.

Не е ни случајно што постои ваква приказна уште многу одамна. Секако дека во својот живот барем еднаш сме сретнале личност која е насочена само кон себеси, која е себична и не обрнува внимание кон другите, а можеби и живееме со таква личност.

Нарцисоидните личности знаат навистина да фрустрираат. Од надвор делуваат самоуверено, шармантно и харизматично, но штом еднаш започнете да живеете со ваква личност ќе се запознаете со нејзините најтешки маани. Нарцисот гледа само за себе и не обрнува внимание ниту пак му е грижа за најблиските.

Во случај да живеете со една таква личност и не сте подготвени да ја напуштите без да и дадете втора шанса, пробајте да се водите по неколку корисни совети препорачани од психолозите.


1. Научете го на компромис

Постојат некои постапки кои може да ги истрпите и да оставите да поминат без караници, но некои активности едноставно не смеете да дозволите да ви се лизнат од рака.
Вашиот драг нарцис троши многу пари? И зошто да не, само еднаш се живее нели? Впрочем зашто би требал/а тој/таа да подлегне на вашите глупави сфаќања? Ова може сериозно да влијае на вашите финансиски можности и неопходно е да му/ѝ ставите до знаење колкава е сумата на пари која може да си ја дозволи за себе. Тоа не значи дека треба сумата да се совпаѓа со вашите навики на трошење. Едноставно поставете компромисна сума со која и двајцата ќе можете да живеете.

kako-da-se-naucite-da-ziveete-so-narcis-1.jpg

2. Внимавајте на манипулација

Кога станува збор за неговите потреби, нарцисот е подготвен на каква било манипулација и лаги само да стигне до она што го посакува. Ви кажува нешто, а потоа кога таа тема ќе стане центар на кавги негира сè? „Што? Се слушаш што зборуваш? Кога го кажав тоа?“ Ова однесување е најчесто резултат на обидите да ве исфрли од баланс. Нарцисот е склон кон игнорирање на проблемите и често е многу чувствителен на критики. Секоја сугестија ја доживува како напад на личноста и на вас ќе гледа како на непријател. Научете се да препознаете кога ве манипулира и ставете му до знаење дека тоа однесување не може да се толерира.

kako-da-se-naucite-da-ziveete-so-narcis-2.jpg

3. Никогаш не толерирајте емоционални избувнувања

Нарцисот е центар на светот. Таквите личности секогаш бараат восхитување и се сожалуваат исклучително себеси. Другите се виновни за нивните проблеми. Кога не го добиваат вниманието што го бараат следуваат изливите на бес. Тие се несфатени и несакани. Дајте им до знаење дека ова однесување е непожелно. Во случај да започне да глуми кралица на драмите барајте извинување. Искажете го своето разочарување и барајте да се научи да ве почитува.


4. Бидете искрени и отворени

Се враќате од напорниот ден и се подготвувате за излегување. Толку сте уморни што сè уште не можете да размислите каде би сакале да ја помините вечерта. Вашиот нарцис започнува со критиките. Нормално однесување по извесен период ќе биде по извесен период да се научите да премолчувате на овие критики. Не си го дозволувајте тоа. Доколку сте ги испробале сите пристапи, од мирно разрешување до јасно покажување дека нивното однесување ви пречи запрашајте се: Дали останувате во оваа врска затоа што сметате дека вашиот партнер може да се промени или едноставно веќе се навикнавте на него?

kako-da-se-naucite-da-ziveete-so-narcis-3.jpg

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
„Гледам порно филмови - како ми влијае тоа на бракот?“ (18+) „Јас имам 40 години и во брак сум 15 години, од пред извесен период почнав да гл...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg