Што можеме да научиме од поранешните момчиња?

Секој од нас има некакво минато. Добро е кога ќе го споредите минатото со сегашноста да сфатите дека сте пораснале и дека вашето вчера е милион пати полошо од вашето денес, никако обратно. Секој чекор и постапка од минатото за кое сте сметале дека е грешка, претворете ја во одлична лекција.  Никогаш немојте да се каете за вашите поранешни љубови, туку научете ја лекцијата.

sto-mozeme-da-naucime-od-poranesnite-momcinja-1.jpg

Од поранешните момчиња ќе научите колку една жена може да даде љубов, дури и ако не и е во иста мера возвратена. Од нив научивме дека можете се да си купите, освен емоции.

Од  нив ќе научите колку е добро раскинувањето. Ве тера да пораснете, да се осознаете себеси, да стигнете до вистинската причина зошто некогаш подобро е сами, отколку со погрешен човек.

Вистинскиот човек сака бескомпромисно, а не непромислено.

Ќе научите дека оној што ве шета по скришни места и игра топло - ладно не е вреден ни за минутка од вашето скапоцено време.

Од поранешните момчиња ќе знаете дека под изговорот за пауза од врска и недостатокот на страст секогаш стои некоја друга девојка.

Тие ќе ве научат дека срцето може да биде скршено, но еден ден ќе дојде еден нов, прекрасен човек и тој ќе ви го состави.

Поранешните момчиња секогаш имаат многу маани кои најчесто ги откривате откако ќе раскинете. Но, тоа не нешто ново и страшно.

Понекогаш, ние не се заљубуваме во човекот, туку во приказната која би ја имале. Тоа е и подобрата варијанта на вљубеност, секогаш боли помалку.

Потрудете се од секој човек кој влегол и излегол од вашиот свет, да креирате лекција. И заблагодарете се за тоа. Да не беше токму некое момче поранешно, сега можеби не ќе го имавте ни сегашниот кој е неспоредлив со се она порано и кој е толку прекрасен.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
Бон-тон правила во сексот што секоја културна жена треба да ги знае (18+) По сексот секогаш бидете подготвени да си заминете, освен ако партнерот не ви ка...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
7 пози што ги знаат само оние што се искусни во секс и мора да ги пробате барем еднаш во животот (18... Одредени луѓе сакаат да се покажат што умеат во секој аспект од животот, но и во...
„Правев сѐ за да ги освојам мажите што ми се допаѓаат – случајно открив каде грешам“ „Се гледав со едно момче повремено 1 година и секојпат кога тој ќе дојдеше во мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg