Марфи за љубовта, врските и сексот: Неверните имаат грижа на совест. Верните се каат.

Првиот и основен Марфиев закон: Ако нешто може да тргне наопаку - ќе тргне, веројатно најдобро сте го искусиле во љубовта.

marfi-za-ljubovta-vrskite-i-seksot-nevernite-imaat-griza-na-socest-vernite-se-kaat-01.jpg

Но, има уште неколку бисери кои сигурно совршено ќе ви ја опишат секоја љубов која досега сте ја доживеале:

1. Сите добри се зафатени.

2. Ако некој е слободен, постои причина за тоа.

3. Парите не можат да ја купат љубовта, но сигурно те ставаат во добра позиција на чекање.

4. Сексот е како снег - не знаеш колку ќе го има и колку долго ќе трае.

5. Невиноста е излечива.

6. Кога жената ќе научи да го разбира мажот, обично престанува да го слуша.

7. Никогаш не спиј со пооткачен човек од тебе.

8. Секогаш е погрешното време од месецот.

9. Сакај го ближниот свој, но внимавај да не бидеш фатен.

10. Љубов е кога имагинацијата ќе ја победи интелигенцијата.

11. Никогаш не се расправај со жена која е изморена... или одморена.

12. Посеј семе во сабота вечер, а после во недела моли се жетвата да не успее.

13. Не е важна должината на стапчето, туку магијата во него.

14. Колку пати и да си добил, ако ти се понуди - прифати. Секогаш е поразлично.

15. Сексот е безобразен само ако се прави како што треба.

16. Прво правило во љубовта: Ако си во право - брзо извини се.

17. Барај прошка денес. Утре може нема да се чувствуваш виновен.

18. Никогаш не се заљубувај во човек ако го гледаш на слабо светло.

19. Ако ти се допаѓа - не сака. Ако сака, не е вреден/на за да се трудиш.

20. Ако ти каже „не“ - не верувај. Ако ти каже „да“ - не се потпирај на тоа.

21. Ако и подариш бонбониера - на диета е. Ако и подариш цвеќе - алергична е.

22. Акните избиваат најмногу половина час пред состанокот.

23. Ако дојдеш порано - нема да дојде. Ако дојдеш на време - ќе чекаш. Ако задоцниш малку - веќе си заминал/а.

24. Луѓето кои ти се допаѓаат редовно мислат дека на некој ги потсетуваш.

25. Туѓите романтични гестови се магични. Твоите изгледаат кретенски.

26. Ако некој ти го украде партнерот, најдобра одмазда е да му го препуштиш.

27. Неверните имаат грижа на совест. Верните се каат.

28. Никогаш нема да знаеш колку твоите љубовни пораки се уверливи, додека не ги прочита жена ти.

29. Никогаш не нè изневеруваат оние кои би сакале.

30. Љубовните окови се толку тешки, што често пати се потребни три лица за да ги носат.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg