Биди маж, запроси ја!

Велат, убаво е кога во очите на својата сакана ќе ги видиш очите на Вашата ќерка. На некои момци им требаат неколку недели, на други неколку месеци, а на трети неколку години за да сфатат дека девојката до нив е баш онаа вистинската, онаа која сакаат да ја оженат, да им биде сопатник за цел живот и мајка на нивните деца.

bidi-maz-zaprosi-ja-01.jpg

Доколку сте сигурни дека токму таа е вистинската, бидете храбри, запросете ја.

Организирајте викенд надвор од градот. Во текот на викендот, нека ве снема на кратко. Кога таа ќе почне да се загрижува, да се прашува каде сте, упорно да ви ѕвони на телефон, појавете се со торта, прашајте ја дали сака секое утро да го пие кафето со вас. Прашајте ја дали сака да биде мајка на вашите деца. Прашајте дали сака да заспивате заедно. Прашајте ја дали секој ден ќе ви готви ручек. Прашајте ја дали ќе ги делите сметките. Поставувајте ги прашањата едно по друго без да и дадете можност да воздивне и да размисли. Кога навистина ќе почнете да ја збунувате, клекнете на колена, како вистински маж и изненадете ја со прстенот.

Изнајмете го најблискиот билборд до нејзиниот дом или работно место. На билбордот поставете го големото прашање. Бидете во близина и кога таа ќе се загледа во него, појавете се, изнагушкајте ја и кажете и дека таа е личноста со која сакате да го поминете вашиот живот.

Однесете ја на караоке забава. Претходно договорете се со организаторот на забавата точно на полноќ да ви го отстапат микрофонот. Испејте ја нејзината омилена песна и прашајте ја дали би сакала да биде ваша сопруга.

Побарајте од некоја слаткарница да ви направат fortune cookies. Во нејзиното нека биде ливчето со прашањето дали ќе се омажи за вас.

На огромен хамер испринтајте го прашањето и оставете го пред влезната врата или на нејзиното работно место.

Секој од нас има посебно место каде што ја започнал врската, или место кое му значи/потсетува на саканата личност. Однесете ја саканата и почнете да и зборувате во стилот: се сеќаваш на ова место, кога се сретнавме, се сеќаваш што зборевме и прв пат тука се бакнавме... Знаеш сега само едно нешто би сменил? На тоа девојката дефинитивно ќе се збуни и ќе рече што? А вие одговорете и: - Тоа што сега сето тоа би го повторил како и тој ден само што воедно и би те прашал ДАЛИ САКАШ ДА СЕ ОМАЖИШ ЗА МЕНЕ?

Одете на параглајдинг или скокови со падобран. Чувството да се каже да е поинакво на повисока висина и кога адреналинот е на високо ниво.

Од цвеќара која врши достава на рози, на секој час нека и стига по една роза на работното место. Прво изненадена, потоа ќе се прашува дали до крајот на работното време ќе и стигаат рози... Појавете се кога ќе излегува од на работа со еден куп цвеќиња и поставете го најважното прашање.

Среќно!

Автор: М. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најголеми грешки што ги прават партнерите по разводот, според адвокатка на славни личности Ким Кардашијан, Бритни Спирс, Аријана Гранде, Анџелина Џоли, Џони Деп, се дел од...
Како да доживеам оргазам и одговор на уште 8 од најгугланите секс прашања Што да правам ако имам сексуално пренослива болест, како да доживеам оргазам, ка...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
4-те најчести прашања поврзани со сексот што ги мачат младите луѓе (и одговори за нив) „Зошто не можам да доживеам оргазам“ е едно од најчестите прашања што студентите...
Зошто уште вечерва треба да ја пробате секс позата „стрелец“? (18+) Идеална е за оние парови што сакаат да го „извадат“ сексот од спалната соба и да...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg