6 начини на кои несвесно изневерувате

Повеќето луѓе кога ќе помислат на изневерување, помислуваат на секс. Но, физичкото изневерување не е единствениот облик на неверство.

6-nacini-na-koi-nesvesno-izneveruvate-01.jpg

Постојат уште најмалку 6 работи кои се сметаат за несвесно изневерување на партнерот/партнерката:

1. Премногу им откривате на колегите на работа

Едно е да имате близок пријател со кој можете да поделите секакви ситници, а друго е да бидете премногу блиски со вашиот „партнер на работното место“, односно со човекот со кој поминувате поголем дел од денот. Не ви звучи страшно, но споделувањето на интимните тајни со колегите се смета за еден вид изневерување.


2. Онлајн флерт

Интернетот ни овозможува многу шанси и можности за изневерување - со пријатели, познаници или целосни странци. Онлајн флертот влегува во емотивно изневерување, се разбира додека не го закажете првиот „таен состанок“.


3. Сонувате за други

Подеднакво е невозможно и смешно да се обидете да ги контролирате своите соништа. Но, ако постојано фантазирате за еден конкретен маж, тогаш тоа е знак дека нешто сериозно ви недостасува во врската.


4. Премногу сте блиски со пријател(к)ите од спротивен пол

Нема ништо лошо да имате пријатели од спротивен пол и секако дека е нормално да споделите интимни тајни, сè додека сте сигурни дека пријателството е искрено. Но, ако со нив го споделувате она што не можете да го споделите со партнерот/партнерката, тогаш се работи за еден вид изневерување.


5. Ја преминувате границата со странците

Новитетите се клучни за да почувствувате привлечност кон некој, а анонимноста го овозможува токму тоа. Замислете си ситуација во која патувате сами, налетувате на згоден странец и разменувате комплименти, флертувате... Тука веќе влегувате во зоната на емотивно изневерување, само за да ја пополните празнината која ја чувствувате со партнерот.


6. Зависни сте од порнографија и секс играчки

Порнографијата и секс играчките не се некое табу денес, но нивното претерано „користење“ може негативно да ви се одрази на сексуалниот живот со партнерот. Во моментот кога повеќе ќе сакате да гледате еротски филм или да се задоволите со секс играчка, наместо да му се посветите на партнерот, сте дел од несвесен облик на изневерување.

Би можело да ве интересира:

10 знаци дека треба да престанете да се надевате дека партнерот ќе стапи во брак со вас Вели дека не сте во сериозна врска и никогаш не ви дава конкретен одговор кога г...
„Велосипед“ - Секс поза со која ќе го излудите партнерот (18+) Оваа секс поза е одлична за да го излудите партнерот затоа што му нуди целосен п...
Прашувам за пријател: „Сакам да пробам анален секс, нервозна сум - што да правам?“ (18+) „Ако никогаш не сте пробале анален секс, нормално е да бидете нервозни и да не с...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
Видови контрацепција: Што е најефикасно + кои се предностите и недостатоците? Поимот контрацепција ги опфаќа сите средства и методи кои го спречуваат зачнувањ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg