Дали вреди да го одложите медениот месец?

Свадбите сѐ повеќе и повеќе ја губат својата традиционалност. Тука спаѓаат и невестите во невестински фустани кои не се бели, парови кои снимаат видео спотови заедно со нивните гости и секако, одложувањето на медениот месец.

dobrite-i-losite-strani-na-odlozuvanjeto-na-medeniot-mesec-01

Голем број парови одлучуваат да го поместат медениот месец  за недели, а некогаш дури и месеци поради буџетот или недостаток на платен годишен одмор.

Но, пред да го одложите ова магично патување, прашајте се: „Дали овој модерен тренд има големо влијание врз нашиот брак?“

Еве кои се за и против аргументите:

За:


1. Можете да извлечете максимум од свадбениот викенд

Ако не мора да скокнете во авион неколку часа по вашиот последен танц значи дека навистина можете да уживате во вашата свадба – играјќи, пиејќи... со луѓето кои ви значат нешто.

Можете искрено и со желба да учествувате во сите форми на славење и да го продолжите она што е веројатно најскапиот настан кој некогаш сте го приредиле.

Плус, следниот ден можете да го поминете со пријателите и семејството кои се тука да направат да се чувствувате подобро.


2. Ќе поминете со помалку стрес ако свадбата и медениот месец ги планирате одделно

Планирањето свадба е доволно стресно, а планирање на медениот месец е каде-каде полошо.

Затоа, ако прво ја планирате свадбата, а потоа медениот месец, тогаш сигурно ќе поминете со помала нервоза.


3. Ќе заштедите пари и ќе имате поубаво и поголемо патување

Ако одвоите време за добро да го испланирате неверојатниот меден месец без да треба да ја жртвувате локацијата и времетраењето, тогаш вреди да чекате.

Свадбите се скапи и ако вие сами ја покривате вашата свадба, тогаш навистина вреди да ја подобрите финансиската состојба пред да се потрошите уште повеќе за грандиозното патување.


4. Имате поголем избор на локација

Ако сакате да патувате веднаш по вашиот голем ден, тогаш мора да изберете локација која соодветствува на тогашното годишното време.

На пример, ако имате летна свадба не можете да патувате низ Европа (освен ако не сакате да се тепате во гужвите).

Ако одложите, имате можност да одберете време, но и место од вашите соништа.


5. Сѐ уште имате нешто на што треба да се радувате

За многу парови, свадбената треска е единствената радост и кога таа ќе заврши голем број парови паѓаат во мини депресија.

Само што сте го испланирале тој прекрасен настан за сите што ги знаете и сакате и сега сето тоа заврши.

Но, ако по свадбата следи патување, тогаш вие ќе имате на што да се радувате и уште повеќе ќе уживате во почетокот на заедничкиот живот со партнерот.


Против:

1. Нема да го искусите традиционалното испраќање

Ако отсекогаш сте замислувале како на крај од вечерта ќе заминете на патување и притоа ве испраќаат гостите, тогаш одложување на медениот месец и не ви е баш најпаметно.

Плус, за паровите кои сакаат да бидат малку сами по големиот ден, инстантното заминување не е идеално.


2. Можно е веднаш да треба да се вратите во канцеларија

Постои голема можност што поскоро да треба да се вратите на работа, но барем ќе ја имате најдобрата приказна за тоа што сте правеле викендот.


3. Медениот месец може да не наликува на меден месец

За многу парови ова е голем и вистински проблем. Во зависност од тоа колку чекате, возбудата која доаѓа со свадбата може да исчезне и вашиот меден месец да се претвори во „само уште еден одмор“.


4. Никогаш не се знае за колку ќе го одложите

Одлагањето без дефинитивен датум на тргнување може да се претвори во меден месец кој никогаш нема да го имате.

Некои парови чекаат дури и години пред да започнат да го планираат патувањето, што може да прерасне во уште еден од многуте извори на стрес.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе споделуваат искуства за брак и врски без секс: „Поминаа три години откако бевме интимни“ „Јас сум во врска без секс и навистина не знам што да правам. Поминаа три години...
Зошто по автоматизам претпоставуваме дека со немажените жени нешто не е во ред? Да се омажиш подоцна за вистинскиот е подобро, отколку да се омажиш порано за по...
„Велосипед“ - Секс поза со која ќе го излудите партнерот (18+) Оваа секс поза е одлична за да го излудите партнерот затоа што му нуди целосен п...
5 секс пози под туш кои ќе ви го зачинат љубовниот живот (18+) Топла вода, опоен мирис на гелот за туширање и страст - дали сте пробале секс по...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Дечко ми бараше да избришам слика на која сум во бикини, па го откачив - зошто донесов ваква одлука... Откако актерот Џона Хил беше обвинет дека ја терал девојката да ги избрише сите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg