Кога ќе се потроши мојата љубов за тебе?

Велат дека секоја љубов има рок на траење, како конзервиран производ; не знам дали да им верувам ним или да го следам инстинктот и сопственото збудалување, зашто мојава не се дотрошува, и покрај предупредувањата за датумот на производство.

koga-ke-se-potrosi-mojata-ljubov-za-tebe-1.jpg

Кога се сретнавме?

Во едно далечно време, кога сѐ уште бевме млади, наивни и нерасипани од алчност. Минатото е длабоко вкоренето во мојата потсвест, а кога го откопувам, боледувам со недели. Затоа најчесто го оставам да мирува, не го чепкам, за да не го извалкам споменот со илјада зошто и исто толку неодговори.

Како се вљубивме?

Онака како што се љубат деца, помеѓу два скриени погледи, искрено и чисто, без никаква агенда, ниту план за збогатување. Се вљубивме – од љубов. Ја исполнував тишината со милион зборови, додека ти срамежливо молчеше. Подоцна ми призна дека сум била неодоливо слатка, јас пак се плашев да не помислиш дека сум мрдната.

Како се љубевме?

Фатени за рака, низ паркот, во мојата соба, во гласната дискотека исполнета со звуци на младост и надеж. Мислевме дека сме непобедливи, мојата љубов беше нескротлива и гладна. Алчно се љубевме, не штедејќи бакнежи, со прегратки кои крцкаат ковчиња, низ мали љубовни писменца кои си ги пикавме во чантите и јакните. Сега тие се неми сведоци на една згасната и пеплосана љубов.

Како се разделивме?

Мачно, со болка, онака како што се разделуваат двајца кои си кажуваат милион, веќе слушнати изговори. Нѐ раздели твојот глад за успех, мојата неодлучност, нашата младост, Бог или Универзумот, или така сакало да биде, или не ни било пишано, не знам повеќе.

Важно се разделивме и ниту еден селотејп не беше доволно силен да ја залепи распарчената приказна на половина.

Како те преболував?

Со солзи, како штотуку родено непрогледано дете. Со мачнина во желудникот, полошо од кога рие гладот, потажно од лелеци кои се вијат по загубата на некој сакан.

Таму некаде чинам испари мојата заслепеност, сета моја љубов се замени со гнев и омраза, затоа што, веројатно само така можев да преживеам.

Кога те видов повторно?

Сосема случајно, онаму каде што никогаш не очекував да те видам, облечена онака како што никогаш не би се облекла за нашето повторно видување. Како на почетокот, се одмеривме меѓусебно помеѓу два скриени погледи, секој со својот партнер до себе. Јас цврсто му ја стегнав раката на мојот, тој го протолкува гестот како возбуда и некоја галовност, па силно ме гушна.

Одвај ги сопрев солзите, на минатото кое се враќа да ме прогонува и не ми дава мир.

А ти? Што направи ти?

Дали и ти ја стисна нејзината рака? Дали ја привлече до себе, ѝ шепотиш ли милно онака како што тоа ми го правеше мене? Скроивте ли планови за иднината, како што ние го правевме тоа?

Дали си среќен, онолку колку што сум јас несреќна?

Веројатно никогаш нема да го пронајдеме одговорот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Азиска каубојка“ – Секс поза која ветува брз оргазам кај двајцата партнери (18+) Оваа секс поза е слична на класичната каубојка, но различното поставување на ноз...
Срам од своето тело во 20-тите, врв на задоволство во 40-тите: Како изгледа сексот во различни перио... Сексот станува подобар со времето. Во 20-тите постои најголема веројатност да пр...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
6 митови поради кои си го уништувате задоволството во сексот, според експерт Мислат дека секој однос треба да биде спонтан и веруваат дека страста е поважна ...
Секс поза „пајак“ – со бавни движења доведете ја партнерката до лудило (18+) Секс позата „пајак“ е одлична за сите оние што сакаат интимниот чин да трае подо...
Видови контрацепција: Што е најефикасно + кои се предностите и недостатоците? Поимот контрацепција ги опфаќа сите средства и методи кои го спречуваат зачнувањ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg