5 знаци дека сте во искрена врска полна со љубов

Уште како деца сите сме биле изложени на магијата од бајките. Малечките девојчиња веруваат во безнадежна љубов, а момчињата во спасување на девојките. 

5-znaci-deka-ste-vo-iskrena-vrska-polna-so-ljubov-001.jpg

Што е она што поттикнува искрена и посакувана врска?

Можеби ќе треба да бакнете многу жаби пред да ја пронајдете вистинската љубов, но кога тоа конечно ќе се случи, ќе познаете по овие знаци:

1. Духовно и емоционално созревате

Двајцата созревате од многу аспекти, се надополнувате меѓу себе и нема притисок. Двајцата нежно се „ширите“ и ги променувате најдобрите нешта кај вас.

Искрената врска поттикнува на созревање. Во неа, партнерите се поддржуваат во изборите на кариера, семејство, духовност, здравје, сексуалност и другите клучни елементи на животот. Се развивате како индивидуалци, но заедно сте совршен тим.

2. Ранливи сте, но не се плашите

Довербата е потценета во врските. Тоа е онаа компонента која поттикнува партнерство. А штом исчезне, навистина е тешко да ја вратите. Можеби ранливоста е „лепакот“ кој ја одржува искрената врска.

Потребна е храброст и сила за да се биде отворен. Кога ќе се изложите еден на друг, вие се ослободувате од очекувања, претпоставки и разочарувања. Нема играње игри. Нема скриени мотиви. Може да ги покажете вашите доблести и маани, и партнерот повторно ќе ве сака.

Не постои критицизам во отворена врска, бидејќи двајцата сте отворени без разлика што се случува. Ова станува дел од привлечноста.

Тоа не е базирано на зависност, туку на восхитот на сила и храброст. Понекогаш, животот е патување полно со предизвици и тешки околности, но кога сте во искрена врска нема нешто со што не може да се изборите.

3. Лесно простувате

Не постојат совршени врски, бидејќи ние сме несовршени суштества. Секој прави грешки, секој има лош ден. Ќе се искарате и нема да се сложите на многу нешта, но не држите лутина.

Го надминувате проблемот и преминувате на следниот. Учите дека држењето лутина е деструктивно, затоа се оттргнувате од него и го пуштате.

Простувањето ја зацврстува врската. Ја учите уметноста на сложувањето во несложувањето додека сѐ уште се поддржувате меѓу себе.

4. Си ја знаете сопствената вредност

Кога сме во искрена врска се чувствуваме добро за себеси. Љубовта кон себеси можеме да ја претвораме и пренасочуваме, бидејќи сме емоционално стабилни.

5. Учите да соработувате, да правите компромис и да комуницирате

Многу луѓе се изложуваат на социјалните медиуми без да се сигурни за чувствата на партнерот. Но, здравите врски полни со љубов го разбираат тоа. Тие се афирмираат меѓусебно за да ги задоволат нивните потреби.

Компромисот е здрав, но може да доведе до нездрави граници каде едниот партнер постојано се жртвува, а  другиот го добива она што го сака. Соработката е сојуз во кој учите искрено да се поддржувате еден со друг. Но, без комуникација ништо од наведеново не може да постои.

Искрените врски не го земаат другиот партнер здраво за готово. Тие не се газат меѓу себе. Тие знаат дека за врската да успее мора да постои реципроцитет. Има моменти кога на едниот ќе му биде потребна помош.

Комуникацијата дозволува слободно изразување без чувство на искористеност или малтретирање.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 знаци дека имате одличен сексуален живот со партнерот (број 6 е клучен) Сметате дека вашата предигра е подобра од нечиј сексуален чин, постојано комбини...
9 знаци дека партнерот ви е лојален (и може да му верувате) Што е тоа што лојалниот партнер го прави поинаку од другите? Како да препознаете...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Зошто уште вечерва треба да ја пробате секс позата „стрелец“? (18+) Идеална е за оние парови што сакаат да го „извадат“ сексот од спалната соба и да...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg