Работи кои ниту една зрела жена не ги прави во врска

Мислите ли дека се однесувате зрело и одговорно во врската? Секоја врска има сопствени тешкотии, но постојат работи кои генерално се применливи во секоја врска.

raboti-koi-nitu-edna-zrela-zena-ne-gi-pravi-vo-vrska-001.jpg

Наоѓањето на вистинскиот партнер е навистина тешко но сепак нештата не завршуваат тука. За да можете да бидете среќни во една врска треба да знаете кои нешта во животот се важни, а кои не и во никој случај не треба да го изгубите она кое вас ве прави посебни како личност.

Зрелите жени знаат колку вредат и што поседуваат па токму затоа ова се работите кои никогаш не ги прават во своите врски...

1. Немаат време

Кога луѓето се во врска, често се случува да заборават на пријателите. Секако, тоа е во ред доколку се случува на самиот почеток од врската, но никако не смеете целосно да ги отфрлите пријателите и семејството од животот.

2. Забораваат да се заблагодарат

После некое време лесно е да се заборават ситниците кои партнерот ги прави за вас. Зрелите жени разбираат дека животот со некој е подарок и не ги забораваат изразите како „Те молам” и „Благодарам”.

3. Стануваат финансиски зависни

Без разлика, колку и да е партнерот добро обезбеден материјално, зрелите жени никогаш нема да се откажат од својата финансиска независност. Тие не очекуваат партнерот да им купува сè што им треба, бидејќи се способни да заработат и да го направат тоа сами.

4. Се фокусираат на недостатоците на партнерот

Зрелите жени се фокусираат на доблестите кај партнерот и на неговите најдобри особини. Тие ги прифаќаат неговите маани и не го осудуваат, бидејќи знаат дека ниту самите тие не се совршени.

5. Се откажуваат од своите соништата

Зрелите жени знаат дека добра врска е онаа која ќе ве поттикне да ги следите соништата и ќе ве натера да станете најдобрата верзија од себеси.

6. Се откажуваат од самодовербата

Сосема е нормално да постојат благи промени кога сте во врска, но зрелите жени не дозволуваат врската да им ја одземе самодовербата. Тие од партнерот очекуваат да ги почитува и да се однесува кон нив како и кон сите други во животот.

7. Ги сфаќаат зборовите како „те сакам“ здраво за готово

Зрелите жени ја сфаќаат важноста на овие зборови и се трудат тие да останат посебни, без оглед колку долго се во врска. Не кажуваат „те сакам“ постојано и во секој разговор, туку само во вистинските моменти кога сакаат да му покажат на партнерот дека навистина го ценат.

8. Се откажуваат од својата среќа

Зрелите жени го сфаќаат значењето на нивната среќа, што значи ако не се среќни во врската, тогаш и не се дел од неа. Свесни се дека партнерот треба да е дел од нивната среќа.

9. Чувствуваат потреба да бидат постојано со партнерот

Зрелите жени водат исполнет живот со многубројни обврски. Тие му веруваат на партнерот и затоа немаат потреба да се слушаат или допишуваат со него во текот на целиот ден.

10. Дозволуваат партнерот да одлучува за сè

Во здравата и зрела врска двајцата партнери ги носат одлуките. Овие жени не им дозволуваат на мажите секогаш тие да се оние кои носат одлуки.

11. Ја споделуваат врската со целиот свет

Зрелите жени знаат да ја зачуваат својата приватност меѓу нив и партнерот. Не им се допаѓа идејата целиот свет да знае сè за нив и партнерот и затоа избегнуваат колку што може повеќе кавгите и среќните моменти да ги прикажуваат на социјалните мрежи.

12. Се откажуваат од сопствениот идентитет

Во почетокот на врската нормално е да бидете заинтересирани за интересите и хобијата на партнерот. Може да биде забавно да го практикувате неговото хоби заедно, но ниедна зрела жена нема да дозволи да ги изгуби сопствените хобија и интереси. Наместо тоа тие се интересираат за хобито на партнерот, но и за своето.

13. Не се радуваат на успесите на партнерот

Секој успех на партнерот зрелите жени го доживуваат и како сопствен успех и го поддржуваат партнерот да станува сè подобар и подобар. Во никој случај нема да чувствуваат љубомора или завист зошто тој остварил нешто, а тие не.

14. Не наоѓаат време за себе

Тие знаат колку е важно да не се запостават себеси и своите интереси и навики. Од читањето пред спиење до одењето во теретана, тоа се нешта кои се многу важни за нив самите, па во никој случај не сакаат да ги запостават.  

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Зошто уште вечерва треба да ја пробате секс позата „стрелец“? (18+) Идеална е за оние парови што сакаат да го „извадат“ сексот од спалната соба и да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg