5 удобни секс пози за првиот пат

5-pozicii-koi-kje-go-napravat-gubenjeto-na-nevinosta-polesno-01

За многу луѓе, првиот секс е малку чуден, полн со прашања и необични мисли. Но, сѐ уште може да ви биде супер ако се придржувате до овие нешта:

  • Најдете приватно и безбедно место
  • Бидете сигурни дека сте комплетно опуштени и дека навистина сакате да го направите тоа
  • Одвојте доволно време за да бидете целосно загреани
  • Користете лубрикант (Уште подобро, ставете лубрикант на неговите прсти и тој нека го стави на вас)
  • Задолжително натерајте го да стави кондом (очигледно)
  • Опуштете се уште повеќе бидејќи сигурно нешто чудно ќе се случи. Може да има чудни звуци или вашите тела чудно да се тријат. Може случајно да ве притиска на погрешно место. Само насмејте се и продолжете да го бакнувате и сѐ ќе биде во ред.

И најдобро ќе биде да се држите до удобните пози:

1. Странична поза

Првиот секс е за поврзување на неверојатно интимен начин. Токму затоа страничната поза е најдобра. Може да се гледате во очи, да си ги допрете душите и што уште не, плус аголот е добар за мала пенетрација, намалувајќи ги шансите за груб секс и болка.

5-pozicii-koi-kje-go-napravat-gubenjeto-na-nevinosta-polesno-02


2. Лажичка

Едноставно: тој е од надворешната страна со една нога преку вас и влегува во вас од зад. Во добра врска, ваквата поза ќе направи да се чувствувате безбедно и пријатно.

Искористете го таквото чувство и направете вашиот прв пат да биде топол и полн со љубов. Слободни сте да уживате во сите добри чувства кои окситоцинот ги предизвикува, плус ако сакате, имате слободна рака.

5-pozicii-koi-kje-go-napravat-gubenjeto-na-nevinosta-polesno-03


3. Девојката одозгора

Позите во кои жените се одозгора се одлични за губење на невиноста бидејќи таа ја има контролата. Тој нека седне на кауч, на под или било каде и вие качете се над него со колениците. Во ред е да одите полека – тоа ги вжештува работите.

5-pozicii-koi-kje-go-napravat-gubenjeto-na-nevinosta-polesno-04


4. Мисионерска поза

Постои причина зошто оваа поза се смета за класика. За поголема контрола, наместо да ги раширите нозете, обвиткајте го него така што вие сте во фетус позиција. Вашите женски делови сѐ уште ќе бидат на точното место, но можете да го забавите или да го забрзате користејќи ги вашите нозе.

5-pozicii-koi-kje-go-napravat-gubenjeto-na-nevinosta-polesno-05


5. Кучешка поза

Ако губењето на невиноста ви е малку незгодно со сето тоа гледање во очи и прашувајќи се што треба да правите, тогаш кучешката поза е совршена за вас. Сѐ што треба да направите е да застанете на раце и на нозе и да го искусите чувството некој да се наоѓа во вас за прв пат во животот.

Ако нешто ви изгледа како премногу, само поместете се малку понапред додека не посакате уште. Притиснете ги заедно нозете ако сакате или имате потреба од плитка пенетрација и отворете се пошироко за подлабока пенетрација.

5-pozicii-koi-kje-go-napravat-gubenjeto-na-nevinosta-polesno-06

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Жабa во скок“ - секс поза за врвно уживање (18+) Иако на почетокот може да ви изгледа неудобна, ќе се изненадите колку е лесна пе...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg