„Зошто да ја земам, ако не може да роди“ - Што се случи со браковите заради љубов, а не заради размножување?

Приказните за договорени бракови веројатно сте ги слушале од вашите баби, дедовци и прабаби и ви звучат неверојатно, чудно и смешно од денешна перспектива.

Sto-se-sluci-so-brakovite-skluceni-poradi-ljubov-01.jpg

Денес го имаме луксузот да избереме партнер каков што посакуваме, некој по своја волја.

Браковите порано ги договарал некој друг, денеска вие го договарате сами со себе.

Во смисла, имате критериуми и очекувања кои партнерот треба да ги исполни, и на кантар го премерувате неговото потекло, образование, интелектот, смислата за хумор, изгледот... а во последно време, за жал, и можноста репродуктивно да се размножува.

„Нема да ја земам додека не остане бремена! Што ќе ми е таква, ако не може да роди“, изјави еден дечко, со таква некоја особена надменост и гордост од која ни се згади. Воедно, почувствувавме олеснување што неговата девојка од 5-годишната врска не беше во близина да ја слушне таа исклучително простачка и деградирачка изјава.

Кога подобро ќе размислам, на најголем дел од свадбите на кои сме биле, невестата веќе била бремена. Не дека има нешто лошо во врска со тоа.

Но, што доколку не била бремена? Дали тоа значи дека дечкото никогаш немало да ја побара и немало да направат свадба?

Да имаш дете е навистина скапоцено искуство. Да основаш семејство е исклучително важно и убаво. Но, дали и по цена да ја жртвуваш вистинската љубов?

Зарем љубовта не е „и во добро и во зло“? Зарем не може да се најде решение и да се надминат проблемите со зачнување доколку има љубов и разбирање? Зарем некој свесно одбира партнер кој не му одговара, со кој ќе остане целиот живот, само затоа што има доволно јајце-клетки или добри сперматозоиди?

Што се случи со браковите склучени првенствено поради љубов?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg