Љубовта на нашиот живот доаѓа само после најголемата грешка
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Systems Engineer 18-01-2018
Возач 18-01-2018


Љубовта на нашиот живот доаѓа само после најголемата грешка

Можеби она што ни треба на сите е прво да бидеме скршени, пред да станеме цели.

ljubovta-na-nashiot-zivot-doagja-samo-posle-najgolemata-greshka-01.jpg

Болната љубов е најлошиот начин да ви биде скршено срцето. Таа е онаа љубов за која имате голема надеж, за која прокоцкувате сè, само на крајот никогаш да не победите.

Па така, се кршиме на милион мали парчиња и се прашуваме, каде работите тргнаа во погрешен правец?

Во љубовта, грешиме.

Одбираме луѓе на основа на лекциите кои нашата душа мора да ги научи, без да бидеме свесни дека тие тешки лекции најмногу мораме да ги искусиме.

Не можеме да се промениме од едноставни работи и умот не може да ни се отвори од здодевните рутински работи. Наместо тоа, промената може да ни се случи само тогаш кога со нас не останало ништо друго освен ние самите и каењето.

Можеби и не постојат такви работи кои можат да се дефинираат како грешки, ако имаат за цел да нè научат кои сме и како сакаме, но од друга страна, постојат такви љубовни врски кои секогаш не враќаат наназад. Врски чии краеви биле толку болни што секогаш ќе ги паметиме како дел од нашата историја.

Но, колку и да сакаме таа љубов да била нешто друго од тоа што била, не можеме да ја промениме реалноста, бидејќи таа љубов постоела само за да ни го скрши срцето.

Затоа што само големите грешки нè носат на патот до нашата вистинска, искрена љубов.

Мораме да бидеме скршени, за да откриеме колку многу сакаме повторно да бидеме цели.

Често, најголемата грешка во нашиот живот е што не сме си заминале од некоја врска истиот момент штом започнала или да си заминеме многу поодамна отколку што сме решиле да го направиме тоа - но, некако тоа никогаш не се случува.

Зошто? Зошто тоа воопшто не требало да се случи.

Нашата грешка била наменета да заврши огорчено и катастрофално. Нејзината цел ѝ била да нè размрда до јадрото на нашата душа и целосно да ни ги промени ставовите и верувањата за љубовта.

Таа е наменета да нè натера да се запрашаме каде работите завршиле погрешно и да се прашуваше што навистина ни значи љубовта. Тоа не е процес кој се случува преку ноќ, туку процес и време во кое целосно се претопуваме во себе и повеќе не можеме да се криеме од вистината која ни ја шепоти срцето.

Тоа е долготраен процес од кој на крајот се издигнуваме со високо крената глава, затоа што љубовта некаде на крајот од патот нè чека и нас.

Тогаш нема да има битки кои треба да ги освоиме или доблести кои треба да ги промениме. Нема да има неостварени потреби или драма на секој чекор.

Зошто? Затоа што главната цел на тоа да ни биде скршено срцето била да почнеме да се движиме по патеката која нè носи до вистинската љубов.

И таа љубов нема ниту одблизу да наликува на она што дотогаш сме го сретнале.

Таа љубов може да биде маскирана во пријателство или да ја најдеме на место на кое најмалку сме очекувале. Сеедно. Но, едно е важно, заради таа голема грешка која сме ја направиле, повеќе не сме истите кои некогаш сме биле и заради тоа и на љубовта ѝ пристапуваме поинаку.

Затоа што тогаш знаеме дека вистинската љубов не само што додава вредност на нашиот живот, туку и нè тера да станеме најдобрата можна верзија од себе.

Само големата љубов нè носи до нешто посебно.

И тогаш сфаќаме дека нашата „голема грешка“ била само нашата ѕвезда Северница, водилка на патот кој нè носи до љубовта на нашиот живот.

Н. Г. | Извор

Би можело да ве интересира:

„Како ми стои?“, „Ништо не ми е“ - Работи што мажите ги мразат кај жен... Кога зборуваме за животот на младите брачни парови, има многу работи во кои тие ...
Работи кои ќе ги разберат само оние кои се долго време сингл Луѓето кои подолго време се сингл, по сопствен избор или не, живеат малку поразл...
Ти не треба да се смириш, ти треба да се заљубиш! „За мене една чаша виски”,реков на келнерот додека го чекав мојот пријател да до...