4 важни столбови за градење на силна врска

Создавањето на силна и цврста врска е навистина голем предизвик, особено откако ќе поминат првите месеци кога сè е убаво и розово.

4-vazni-stolbovi-za-gradenje-na-silna-vrska-01

Како поминува времето и како подобро го запознавате партнерот, дознавате дека покрај сите позитивни страни кои дотогаш сте ги забележувале, има и многу негативни кои не ви допаѓаат баш толку многу.

Сепак за вашата врска да успее, потребно е многу вложување, бидејќи ниту една здрава врска не е лесна и едноставна, колку и тоа така да изгледа.

Сите во нашата околина имаме парови кои изгледаат бескрајно заљубени и имаме чувство дека никогаш не се караат ниту за најмали ситници.

Но, вистината е далеку поинаква. Ваквите парови само научиле дека постојат неколку важни принципи на кои се заснова секоја успешна врска.

Меѓу нив најважни се следните:

1. Верувајте му на вашиот партнер

Верувањето е вештина која се учи. Во природата на луѓето е да бидат недоверливи за многу нешта, но кога е во прашање љубовта морате 100% да ѝ верувате на личноста до вас. Ако не можете да го направите тоа, тогаш или тоа не е вистинската личност за вас или вие не се трудите доволно.

2. Одржувајте добра комуникација

Добрата комуникација е уште еден суштински предуслов за одржување на здрава и сериозна врска. Секогаш кога нешто имате на ум, сетете се дека другиот нема способност за читање мисли и кажете го тоа што ви пречи, или што сакате да го направите и сметате дека е корисно да се направи...

3. Почитувајте се

Кога во една врска постои почит меѓу партнерите, многу полесно може да се надминат сите проблеми. Иако од суштинска важност во секоја врска е љубовта која ја добиваме од партнерот, сепак доколку во врската отсуствува почитувањето, тогаш љубовта воопшто не е доволна.

4. Прифаќајте компромис

Компромисот е нешто без кое ниту една врска не може да опстане. Бидејќи на планетава не постојат две личности кои имаат исти желби и замисли, невозможно е да се согласувате со партнерот за сè во животот.

Важно е секој од вас да знае кога е момент да се направи отстапка која ќе помогне вашата врска да се зајакне и да стане подобра.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Зошто уште вечерва треба да ја пробате секс позата „стрелец“? (18+) Идеална е за оние парови што сакаат да го „извадат“ сексот од спалната соба и да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg