Ми рече: „Одбери, јас или твоите соништа“

Во животот многу е важно да знаеш да одбереш. Без разлика дали тоа ќе биде најдобрата одлука во твоето постоење или не, важно е таа да е лично твоја. За последиците ќе се снајдеш некако.

izberi-jas-ili-tvoite-sni-01

Отсекогаш бев тврдоглава, самостојна, сакав да бидам различна од другите без разлика дали ќе ме прифатат или не. Едноставно ги следев моите точки од правилникот кој сама го измислив и не отстапував за ништо на светот.

Го запознав во трета година средно, јас сè уште правев детски фризури и носев дуксери, а тој беше фраерот што пуши цигари. Тогаш тоа беше врвот на „фраерлукот“, бидејќи беа некои други времиња.

Нашата врска започна спонтано, од игра, од шега, од два три погледи, од две три воздишки и шепоти. Се заљубив, се заљуби, мислевме дека тоа е тоа, ние сме тие.

Но, тука доаѓа оној момент, сигурно сте се нашле многупати, кога мислите дека сте ја постигнале среќата и хармонијата на вашето постоење и животот ќе се потруди на секој можен начин да ве убеди дека тоа не е така.

Моите амбиции беа многу големи, вклучуваа патувања надвор од државата, а тој беше човек кој не сака многу да менува место.

Се сеќавам дека бевме на вечера на третиот кат на ресторанот, јас му раскажав за мојот план да аплицирам за магистерски надвор. Многумина моето заминување го препишуваа на други работи кои немаа врска со вистинската причина, но за тоа во некоја наредна прилика.

Тој ме погледна со таков поглед што мислев дека ќе ми ја закачи виљушката во гркланот. Ме гледаше со бес, со лутина, како јас да бев виновна што сакам да ги следам моите амбиции и соништа.

Бев подготвена за разговор, за некаков компромис и договор, за нешто што ќе ја одржи нашата 6-годишна врска во живот. Но, тој ја отвори устата и дозволи целиот свет да се сруши. Сè што сме граделе во тие години, пропадна со неговото прашање, кое повеќе беше како наредба отколку прашање, а јас мразев да ми наредуваат...

„Одбери, јас или твоите соништа“.

Јас не реков ништо, извадив пари, ги оставив, го наметнав палтото, го удрив по рамото, му реков јас честам, иако тој ме покани за да ме почести за својата прва плата. Без да се завртам си заминав и го оставив сам на масата.

Надвор врнеше, јас носев елегантен фустан кој го носев за матурата. Местото беше такво. Имав и убава фризура, но не ми беше грижа, пешачев по дождот... Не можев да сфатам од каде беше таа дрскост и од каде беше таа храброст во неговиот глас.

Но, се познавав себеси и причината поради која чекорев на дождот е за многу девојки да ја слушнат мојата приказна, за да си ја прераскажам и да извлечам поука, за и другите да разберат.

Тој се обиде да ме побара многу пати, но таа вечер, нашата приказна заврши.

Она што сакав да запомните е дека помеѓу вас и било кој на овој свет, треба да се одберете себеси. Помеѓу вашите соништа и замисли и било што на овој свет, одберете ги вашите соништа. Следете го внатрешниот глас, без разлика колку е во право или не.

Не дозволувајте да се каете понатаму во животот, за жртвите кои сте ги направиле, за луѓе кои можеби нема да бидат тука во иднина. За сè постои решение, за сè постои начин, немојте да правите непотребни жртви. Останете верни на себеси, на своите верувања и своите копнежи да направите нешто големо.

Бидете силни и не се плашете од тоа да ги изгубите луѓето кои ве тераат да се жртвувате. Никогаш, никогаш не одбирајте да играте на сигурно. Мене ризикот ме донесе на многу убави места и воопшто не се каам што таа вечер станав од масата и си заминав.

Кога ќе се свртам вака назад повеќе од свесна сум дека го направив вистинскиот избор...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg