Чести, но погрешни причини заради кои жените ги прекинуваат врските

Жените често ги поврзуваат настаните во врските со одредени временски интервали.

Cesti-no-pogresni-pricini-zaradi-koi-zenite-gi-prekinuvaat-vrskite-01

Така според многу од нив ако во рок од една година не ги запознаете неговите родители тој нема никакви сериозно намери со вас.

Сепак после извесно време, кога работите ќе спласнат, сфаќаат дека не биле во право.

Ако ги прашате кои се причините заради кои ја прекинале врската веројатно ќе чуете некој од следниве одговори:

1. Не сака да живееме заедно

Ако вашата замисла е дека после 2-годишна врска треба да живеете заедно, а тој ви вели дека сè уште не сте подготвени за тоа, шансите да ставите крај на врската се навистина големи. Сепак, следниот пат кога ќе се најдете во таква ситуација добро размислете дали сте во право.

2. Не сака да ме запознае со неговите родители

Ако на жените им се потребни само неколку месеци за да го доведат дома партнерот и да го претстават пред родителите, кај мажите таа постапка е далеку посложена и им треба многу повеќе време и размислување пред да се одлучат за таков чекор.

3. Сè уште не ме побарал за жена

Тука повторно настапува идејата за временско ограничување. Ако вашата врска трае 5 години и тој сè уште не го поставил големото прашање не значи дека тоа никогаш нема да се случи. Бидете стрпливи и чекајте пред да ставите крај на врската во која навистина се чувствувате убаво.

4. Чувствувам несигурност

Сите понекогаш сме несигурни и се прашуваме што видел нашиот партнер во нас. После некое време овој сомнеж расте и често е причина за раскинување на врската. Пред да го наравите тоа разговарајте отворено со него и обидете се да најдете начин да ја надминете таа несигурност.

5. После некое време исчезна целата еуфорија

Постојано околу нас гледаме насмеани луѓе, кои постојано некаде шетаат, имаат заедничко хоби, прават исти нешта...

Кога ќе ја споредите вашата врска со нив, чувствувате дека нешто не е во ред и размислувате да ставите крај. Меѓутоа имајте на ум дека истражувањата покажале дека љубовната еуфорија престанува после 2 или 3 години, но времето поминато заедно ви дава поголемо чувство на сигурност и доверба.

6. Сакам да се посветам на мојата кариера

Многу полесно е да се посветите и да напредувате во кариерата кога сте сами, но никогаш не заборавајте колку е важна поддршката од партнерот и колку таа прави да се чувствувате гордо и среќно. Вистина е дека врската бара посветеност, но со правилно организирање на времето ќе можете да постигнете успех и во кариерата и во љубовта.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg