Искреност, црвена боја, мистериозен став: Работи заради кои сте попривлечни

Добрата комуникација помеѓу луѓето е комплексна и задолжителна вештина.

11-naucno-dokazani-fakti-koi-ve-pravat-poatraktivni

Кога станува збор за комуникација со личноста која ве привлекува, постојат многу фактори кои ќе ја оценат како успешна или не. Како дел од човековата психологија, флертот и начинот на кој ја искажуваме нашата привлечност е предмет на истражување на многу истражувања.

Според тие истражувања, ова се неколку сумирани факти, преку кои ќе делувате поатрактивно:

1. Постојат 5 видови на флерт

Според истражувањата на Универзитетот од Канзас, постојат 5 видови на флертување: традиционално, физичко, отворено, шеговито и со порезервиран однос. Иако повеќето го практикуваат шеговитиот пристап, сепак, кога на некого му пристапувате отворено и директно имате повеќе шанси да ве сметаат за атрактивни.

2. Директен контакт со очи

Директниот контакт со очи ја покажува вашата заинтересираност. Научно е докажано дека контактот со очи повеќе од две минути, неизбежно предизвикува создавање на позитивни чувства дури и кон непозната личност.

3. Физички контакт со рацете

Оние кои ја искажуваат својата наклонетост со суптилни допири за раката или рамото, имаАт многу поголема шанса да изгледаат поатрактивно во очите на другиот.

4. Мистериозен став

Иако звучи помалку излитено, сепак таинствениот изглед навистина функционира. Тоа е така поради натпреварувачката природа на човекот, односно потребата да покажува посебен интерес за тоа што е потешко да се стекне.

5. Бојата на гласот

Можеби и не сте забележале, но, потсвесно кога некој ви се допаѓа ја менувате бојата на гласот. Мажите ги сметаат за поатрактивни оние жени кои имаат повесел и потенок глас, додека понежниот пол повеќе го привлекуваат мажи со подлабок тон на гласот.

6. Положбата на главата

Освен гласот, потсвесно ја менуваме и положбата на главата. Кога жените разговараат со некого за кого сметаат дека  е привлечен, ја наведнуваат главата понапред. Мажите кога флертуваат инстинктивно ја поткреваат главата, заедно со рамената наназад. Овие суптилни движења се индикатор дека сте заинтересирани за некого, што ве прави поатрактивни и достапни за разговор.

7. Црвена боја

Истражувањата покажале дека кога жените носат црвена боја на гардероба или накит изгледаат многу попривлечно. Црвената боја се смета за атрактивна, поради тоа што е боја која најчесто е поврзана со сексуалноста.

8.  Искреност

Можеби ви е потешко да пристапите со искрен и отворен однос, но, овој пристап се покажал многу поефективен. Со тоа што директно покажувате што сакате и мислите, оддавате изглед на самоуверена, лојална и отворена личност.

9. Движење со рацете

Кога разговараме со некого доколку заземеме мирен став, предизвикуваме сомнеж кај другата личност. Гестикулациите со рацете се докажани како ефективен начин да привлечете нечие внимание, секако во умерени движења.

И. И. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Порно актерот Џони Синс со совет за мажите кои се срамат од ќелавоста: „Која е мојата тајна?“ „Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се ...
Како да му признаете на партнерот дека сте го излажале, без (премногу) да ги повредите неговите чувс... Важно е да се извините искрено, а ако станува збор за голема лага, немојте да го...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg