5 знаци по кои ќе откриете дали мажот е заинтересиран за вас


5 знаци по кои ќе откриете дали мажот е заинтересиран за вас

Психолозите велат дека мажите не тактизираат, па на основа на неколку работи може да заклучите дали тој навистина е заинтересиран за вас.

8-znaci-po-koi-kje-otkriete-dali-mazot-e-zainteresiran-za-vas-01.jpg

Почнавте да се дружите или да флертувате со дечко кој навистина ви се допаѓа, но не сте сигурни дали е тоа обострано?

Психолозите велат дека мажите се многу поедноставни од жените, бидејќи не тактизираат, па на основа на неколку работи може да заклучите дали тој е заинтересиран за вас:

Сè уште не ве поканил на состанок

Се допишувате, се слушате секој ден, но тој никако да ви предложи да се видите. Само 10% паѓа на можноста дека е срамежлив, 10% дека е моментално зафатен и останатите 80% се заради тоа што нема желба да ве види.

Контактира со бившата

Во ред е тоа што останал во добри односи со бившата девојка, но ако сте слушнале дека доста често се гледаат или одржуваат секојдневен телефонски контакт, а за вас нема време, значи дека тој уште нема расчистено.

Не ви открива детали за себе

Не треба да очекувате да ви раскаже сè што сака и што прави, но сепак доколку не ви открива никакви детали за себе, освен како се вика, од каде е и колку години има, тој навистина не е заинтересиран. Кога некој ви открива детали за себе и за својот свет, значи дека гледа потенцијал во вас да станете дел од неговиот свет.

Не се чувствувате пожелно

Запрашајте се како се чувствувате додека сте со него? Тоа е доволно за да откриете дали е заинтересиран. Ако одговорот е пријатен, дефинитивно има знаци дека му се допаѓате, спротивно на тоа, не си го трошете времето.

Вие иницирате сè

Ако секогаш вие први пишувате, ѕвоните или организирате средби, а тој никогаш за ништо не покажува иницијатива, јасно е дека ова е ednonaso;en однос и дека со него не треба да губите време.

Е. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како мажите ги манипулираат жените? Пред да дозволите да се чувствувате потполно празно и искористено, обрнете внима...
Какви гради, каков задник... Знаеш ли ти какви очи има? Беше петок, ден или два после фамозниот празник по кој сите полудуваат, трчаат п...
Колку сексуални партнери имаат луѓето во просек во текот на животот? Постојано се прават истражувања на тема љубов и секс, а резултатите се секогаш р...