7 работи кои мудрата жена никогаш не ги бара од мажот

Жените не се послабиот пол и доколку сакаат рамноправност ќе мора така да однесуваат.

7-raboti-koi-mudrata-zena-nikogas-ne-gi-bara-od-mazot-1.jpg

Издвојуваме 7 работи кои паметната и самостојна жена никогаш нема да ги направи или побара од мажот во нејзиниот живот.

1. Мудрата жена не очекува мажот да ја издржува

Некои жени едноставно им се предаваат на мажите во секоја смисла, и често тоа вклучува облекување, хранење, издржување. Запомнете дека не е ничија должност да ве издржува, освен ваша лична. Тој доброволно може да се грижи за вас на други начини, но тоа не е негова обврска.

2. Не бара мажот да се промени

Односно, не бара да се откаже од хобијата за да помине повеќе време со неа. Интелигентната жена знае дека тоа што тој го прави е дел од неговата личност. Работата, хобито и пријателите се составен дел од него, исто како и неговата љубов кон неа.

3. Не бара да се откаже од пријателите и семејството

Можеби не го сакате неговиот најдобар пријател или неговата мајка, но тоа не значи дека тој треба да го прекине односот. Тој има право самостојно да донесува одлуки со кој ќе се гледа и дружи, па оставете сам да увиди доколку некој не е добар за него.

4. Мудрата жена не бара од мажот да ги прифати или одобри нејзините интереси и хобија

Ако отсекогаш сте сонувале да одите со партнерот на танц, а тој едноставно не  е таков тип, не значи дека мора да се откажете од танцот. Одете сами или со пријатели. Никогаш не го терајте да прави нешто со сила или заради вас.

7-raboti-koi-mudrata-zena-nikogas-ne-gi-bara-od-mazot-2.jpg

5. Не бара од него да ги игнорира другите жени

Факт е дека мажите имаат очи.  Тој секако ќе забележи други жени кои се убави и средени, и тоа е сосема во ред.

6. Мудрада жена му верува на мажот

Таа не бара докази за љубовта. Секогаш води сметка нивната врска да биде хармонична, да најдат компромис, а тоа едноставно може да се спроведе од личните постапки.

7. На крајот, никогаш не ги исмева неговите постапки и одлуки

Бидејќи е свесна дека и таа е една од нив.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg