Што треба да очекувате од партнерот за врската да ви успее?

Кога избираме со кого ќе влеземе во врска, многу често правиме грешка што го бираме партнерот според погрешни особини. Најпрвин нè интересира дали со некој имаме хемија, дали чувствуваме пеперутки во стомакот кога ќе го видиме, дали е паметен, убав и слично.

raboti-koi-treba-da-gi-barate-vo-partner-001.jpg

Но, со тек на време сфаќаме дека не можеме да ги најдеме сите особини што ги сакаме кај еден партнер и затоа мора да направиме компромис. Успехот на врската е базиран на многу позначајни работи од изгледот на нашиот партнер.

Еве неколку работи кои дефинитивно треба да ги барате кај вашиот партнер.

Фокусирајте се повеќе на добрината, верноста и разбирањето на вашиот партнер, отколку на изгледот, статусот и хемијата

Овие карактеристики кај личноста ќе ви бидат многу поважни кога ќе бидете во врска. Површните работи навистина нема да ви донесат среќа и ќе се чувствувате прилично осамено ако вашиот партнер не е верен, добар и не ви ги разбира вашите желби и потреби.

Барајте компатибилност во партнерот

Не може со некој да си одговарате во сите работи, меѓутоа многу е важно да имате слични желби, интереси, вредности и идеали. Компатибилноста е важна за да може да избегнете сериозни конфликти и караници, поради кои би имало ризик да ја прекинете врската.

Барајте партнер на кој можете да сметате и некој во кого ќе може да имате доверба

Многу е важно да имате партнер кој навистина го прави тоа што ви го ветил, кој нема да ви откажува планови во последен момент и на кој ќе сметате дека може да ви помага во обврските. Навистина не сакате партнер кој може да ве остави на цедило, независно колку и да е привлечен.

Внимавајте на тоа дали вашиот партнер е емотивно стабилен

Ако си го менува често расположението, многу често се лути и прави драми од најсекојдневните работи, може секојдневието да ви го претвори во пекол. Барајте партнер кој е стабилен, кој нема љубоморни испади и со кого врската нема да ви виси на конец, кој зависи од неговото расположение.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg