Нашата врска не е YouTube видео, за ти да ја ставиш на пауза

Велат љуби, со цело срце, сакај како да ќе нема утре, предади се, живеј славејќи ја љубовта. Во моето животно искуство, кое можеби не е преголемо, секогаш јас бев онаа која дава многу, која се вложува со цело срце, која живее за таа заедница, но некако на крајот секогаш останував со подебелиот крај. Скршена, разочарана, повредена, како да ми беше „судено“ јас да бидам онаа која ќе го извлече подебелиот крај.

nasata-vrska-ne-e-youtube-video-za-ti-da-ja-stavis-na-pauza-01

Овојпат си реков ќе биде поинаку. Искрено, од самиот почеток, сè ќе оди некако поинаку, знаете верував дека тоа е она, дека таа е таа врска која ќе го донесе прстенот на мојата рака. Можеби една од најубавата, фантазија, бајка која едноставно го тера човек да помисли дека навистина постојат среќни краеви.

Но, како да подзаборавив дека луѓето повредуваат, како тоа да им беше запишано во нивниот генетски код и нивното постоење не можеше да биде комплетно без потребата да ти го превртат животот наопаку. Во мојот живот тоа го правеа мажите кои доаѓаа како во филмско сценарио, корнеа дел од моето срце и заминуваа во неповрат, оставајќи ме одново да ги составувам деловите кои тие ги кршеа.

Го пиев попладневното кафе. Некаде помеѓу попладневните обврски и хаосот во главата од нив. Неговото име светна на екранот на телефонот и се насмевнав, си помислив штом го чујам ќе биде поинаку, ќе ми се разубави денот. Но, денот како да не сакаше да биде поубав. Од сите тие оправдувања, мисли и неврзани реченици само се сеќавам дека слушнав „Ајде да бидеме на пауза“.

Се насмевнав кисело, бидејќи не ми се веруваше, неколкупати прашав дали тоа е солена шега... Камо да беше. Но не, после цело мое залагање и сите тие спомени кои тежнееја кон нашиот заеднички живот, тој ме праша за пауза. Замислете како ова да е YouTube видео, ќе го паузирам, па кога ќе можам, кога ќе сакам, кога ќе најдам време и ќе гледам што ќе биде понатаму.

А јас, што јас треба да правам додека трае таа пауза, кој ги прашува моите чувства, кој ме прашува мене?

Зарем се враќаме во средно каде што паузите беа кул, каде што бевме „зафркнати“ и изопачени. Мислев тоа се менува кога луѓето ќе пораснат и ќе станат сериозни. Мислев вистинските чувства и правилните луѓе не знаат за такви нешта.

Зарем е можно ако некој ти значи, ако го љубиш со цело свое срце, ако сето тоа било реално, да го ставиш на пауза? Што ќе биде со сите тие емоции, зарем треба да оладат, зарем јас треба да ги одржувам самоповредувајќи се додека ти одлучиш дали јас ти значам или не?

Не добив одговор, гласот од другата страна само молчеше додека јас редев прашање по прашање. Не разбирав, барав одговори кои тој немаше храброст да ги даде. Не можев да сфатам од кои побуди го прави она што го прави, ниту која е причината зад сето тоа, но знаев дека приказната на мојата „судбина“ се повторува одново и одново. Ми беше смачено.

Повторно дадов многу, а останав со празни раце, не по моја вина. Го спуштив телефонот и не знаев што да правам со себеси, имав бура од емоции, сакав да викам, да го потиснам тоа чувство наречено љубов и никогаш да не се заљубам. Не смеев одново да бидам повредена, едноставно не смеев.

Неговото име се појави уште многу пати на телефонот тој ден, не кренав, за него почна мојата пауза, за која не постоеше повторна опција за „плеј“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg