Дали треба да побегнеш кога веќе не можеш да живееш со неговите маани?

Во животот никогаш нема да го најдеш совршениот човек. Секој секогаш ќе има свои маани. Без разлика дали станува збор за неговата трапавост или нејзиното брборење, партнерот со кој градиш заедница никогаш нема да биде безгрешен, впрочем ниту ти не сте безгрешен, затоа што во кодот на природата е преодредено никој да не е совршен.

dali-treba-da-pobegnes-koga-ne-mozes-da-zivees-so-negovite-mani-01

Затоа светот е баланс повеќе на едната страна, помалку на другата страна и успешните врски се резултат на одличен компромис и прифаќање на партнерот онаков каков што е, учејќи да живееш со тие негативности и да најдеш соодветна маса која ќе го стабилизира тој лост на компромиси.

Но, дали е правилно да се прави компромис неограничено време или кога ќе натежнат повеќе работи за кои треба да преговараш треба да побегнеш веднаш?

Постоеше ли начин да се знае до кога да стапуваш во такви компромисни ситуации обидувајќи се да се навикнеш на мааните на другиот, до кога да живееш со притисокот и со она кое ти пречи, а ти пречи секојдневно?

Девојката од спротивната врата, која инаку живееше сама, веќе подолго време раскажуваше за нејзините компромиси во врската. Додека се обидував да не го изгорам стекот за да си направам една совршена вечера, заѕвони на вратата и влезе со расплакани очи.

„Не можам повеќе, секој ден живеев со таа негативност, се обидував да го променам, да го натерам да ја замени својата депресија со најпозитивните работи, да ја гледа светлината и да не се врти кон темнината. Да биде човек кој ќе излудува насмевки, а не тмурен човек кој едноставно не сака да се смени на подобро.

Сакав да го натерам да биде амбициозен, колку мене или барем блиску до мене, да сака повеќе од животот, а не да живее во истата рутина. Со години се лажам дека нешто ќе променам, тој пак знае да избувне, да се изгуби, да биде во депресија со денови. Да не можам да го вратам, а со тоа негово скапување скапувам и јас. Пробував да балансирам, но се чувствувам дека го губам балансот.

Сега сакам да прекинам, но не знам како, се плашам дека тоа ќе го донесе до работ на неговата бездна. Но, ако останам, само ќе се самоповредувам и ќе нема никаква смисла. Мислам дека сум поголема катастрофа од твојот обид да направиш совршена вечера. Помагај, што да направам?“.

„Чувствата не се контролираат, нив не можеш да ги натераш да одат во насока во која сами не сакаат. Едноставно се чувствуваат, ако така чувствуваш, тогаш бегај. Јас секогаш тргнувам од себеси и никогаш не би бил во врска од сожалување само заради помислата, што ќе биде ако прекинам.

Знам дека се плашиш од тоа дали ќе најдеш подобро од тоа што веќе го имаш, но јас би рекол, оди по текот на реката и препушти се. Барем ќе знаеш дека си ги следела чувствата и дека си се послушала себеси. Нема да навлегувам дали е правилно или не, бидејќи најважно е да бидеш среќна. Верувам дека тоа ќе те направи среќна, барем по она што ми го зборуваш вечерва.“.

Ајде избриши ги солзите, сега јас ќе ти сервирам стек, ќе спиеш овде, а утре со мирна глава ќе размислиш што ќе биде, затоа што како што баба вели, утрото е поумно од ноќта. Таа заспа во дневната, ја покрив и само се надевав дека коцките ќе и се поклопат конечно, таа и секој еден во слична ситуација заслужуваше среќен крај.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg