Колку е „здрава“ врската што ја градите со вашиот партнер?

Секоја врска има свои издигања и падови, особено кога е во прашање романтична врска помеѓу двајца партнери.

kolku-e-zdrava-vrskata-kojashto-ja-gradite-so-vashiot-partner-2.jpg

Сузан Диџис – Вајт, како лиценциран психолог, преку својата книга „Toxic Friendships“ ја презентираше рамката со којашто се карактеризира една нормална врска.

Таа открива дека само со неколку прашања можете да дознаете колку е здрава врската која ја негувате со вашиот партнер.

Дали задоволувањето на меѓусебните желби и потреби ве прави исполнети, или речиси секогаш ве заморува?

Јасно е дека секоја романтична врска се гради врз одреден компромис, но сепак нормално е понекогаш да ги ставиме потребите на партнерот пред сопствените. Во „нормална“ врска, ваквите ситуации не би требало да ви причинуваат проблем, напротив - со задоволување на потребите на вашиот партнер, треба и вие да се чувствувате среќни и исполнети.

Дали ги постигнувате целите кои сте си ги задале?

Секој од нас има тенденција да креира идеалистички сценарија за својата иднина. Сепак, случувањата во реалниот живот, не би требало да ги уништуваат нашите идеи и замисли. Токму затоа, навистина е важно да најдеме некој, кој ќе нѐ поттикнува да стигнеме до нашата цел.

Дали она што го вложувате во вашата врска е правопропорционално со она што го добивате од партнерот?

Покрај тоа што компромисот и жртвувањето се природен дел од секоја романтична врска, најважно од сѐ е да не се почувствувате дека вие сте единствената личност во врската која се откажува од своите принципи и идеали.

Доколку се наоѓате во ваква ситуација, размислете дали вреди да се вложувате себеси во нешто што не е од ваш личен интерес.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Зошто уште вечерва треба да ја пробате секс позата „стрелец“? (18+) Идеална е за оние парови што сакаат да го „извадат“ сексот од спалната соба и да...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg