10 најчести причини зошто паровите во долги врски раскинуваат

Сите сме биле во врски за кои сме биле сигурни дека ќе го минат тестот на времето, но потоа се срушиле.

10-najchesti-prichini-zoshto-parovite-vo-dolgi-vrski-raskinuvaat-01

Кои причини можат да доведат до работ на пропаста на заедништво, кое опстојувало децении и на чија хармоничност многумина отстрана завидувале?

Неодамна направено е истражување зошто луѓе кои биле заедно 20, па и повеќе години одлучиле да се разделат.

Недостаток на секс

Сексот е важен. Ако сакате да опстанете повеќе од 20 години, подобро да се потрудите да внесете новини во спалната.

Проблеми со пари

Ако едната личност е премногу контролирачки поставена со финансиите или пак ако едната личност троши сė, а другата има поинакви гледишта како парите треба да бидат потрошени, се раѓаат конфликти.

Празно гнездо

Има бројни примери кога парови остануваат заедно поради децата. Дали знаат колку тоа најчесто е ужасно за децата? По заминувањето на децата од домот повеќе немаат заедничка нишка.

Лоша комуникација

Долгите врски бараат тон зборување. Ако еден од партнерите се исклучи, тогаш врската пропаѓа.

Не правење компромиси

Добро позната е фразата: „Можете да комуницирате колку сакате, но комуникацијата нема да има ефект ако не правите компромиси“.

Неверство

Мамењето дефинитивно го руши секој однос. Како потоа да се врати изгубената доверба?

Недостаток од заеднички интереси

Ако не сакате исти работи со партнерот и немате слични интереси, шансите дека ќе немате за што да зборувате наскоро се огромни.

Трагедии по кои е тешко да се функционира заедно

Некои навистина тешки работи може да се случат во животот. Семејни трагедии, смрт на сакани личности, преселби, колапс во кариерите може да бидат точки каде сė се крши.

Едната личност е во целосен хаос

Лоши навики на едната личност како алкохолизам, мрзеливост за работа, незаинтересираност за домот можат да бидат добри причини за крај.

Немање почит кон партнерот

Обрнувањето внимание на другиот и грижа за неговите потреби и емоции е есенцијално во секоја здрава врска. Интензивните моменти каде ќе се чувствувате како на некои од првите состаноци внесуваат страст во врската.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg