Девојки одговараат: Која е најлошата работа што му ја реков во кавга?

Кога се караниците во прашање, некои луѓе имаат доволно самоконтрола да ги премолчат нештата што би можеле да ја повредат другата страна. Сепак, повеќето немаат.

devojki-odgovaraat-koja-e-najloshata-rabota-shto-mu-ja-rekov-vo-kavga-1.jpg

Запрашани да ја откријат најлошата работа која му ја кажале на партнерот во кавга, неколку припаднички на понежниот пол ги признаа следните:

„Дека е неспособен готован кој е навикнат на тоа жената да го служи, затоа што мајка му не го одгледала добро, како и дека секогаш ќе биде тотален губитник поради тоа. Се каравме околу домаќинските работи.“

„На некои жени им е можеби доволно при кавгата да му подвикнат на фраерот дека има мал „алат“, но јас отидов чекор подалеку, па му реков дека има мал „алат“ кој смрди како да е голем. Обете работи беа вистинити, а за среќа, таа расправија ни беше последна. Раскинавме, така што не морав да му се извинувам подоцна.“

„Класика...дека е селјак, дека пријателите му се сејлаци, дека мајка му е луда, како и дека се гледа дека немал татко додека растел, затоа што е крајно немажествен. Сите работи кои навистина ги мислев.“

„Му реков дека го имам изневерено. Не сум, но му реков дека сум го сторила тоа. Тоа беше мошне глупав потег, затоа што потоа морав да му докажувам дека сѐ сум измислила, што беше напорно. “

„Му кажав: - Затоа и доби отказ и веќе никогаш никогаш нема да пронајдеш работа. Кој би те вработил тебе? – а, се расправавме поради тоа што не ми одговори на пораката навреме. Барав нешто со кое многу ќе го повредам, а отказот беше идеален.“

„Еднаш, на бившиот му реков дека никој не го сака, па како причина почнав да набројувам апсолутно сѐ што ми пречеше во нашата врска. На крајот плачеше. Но, барем бев искрена.“

Кои се најлошите зборови што се ги изговориле вие?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg