10 работи кои жените не ги поднесуваат кај мажите

Веќе сме свесни дека стриите, целулитот, темниот кармин или вештачките трепки нè прават непривлечни во очите на мажите. Тие го имаат искажано својот став низ стотици истражувања поврзани со тоа што ги нервира кај една жена.

10-raboti-koi-zenite-ne-gi-podnesuvaat-kaj-mazite-001.jpg

Но, ова е двонасочна улица па нормално е дека и нам жените ни пречат неколку работи кај мажите.

Сепак, се чини дека обрнуваме повеќе внимание на други карактеристики, отколку на физичките надворешни особини и предиспозиции.

Ова се работите кои нас жените нè вадат од контрола поврзани со машкиот род:

Неамбициозност

Секако, не мора мажот да биде успешен бизнисмен, астронаут или претседател, но сепак мора да го има во себе она мало нешто кое на сите нас ни е особено важно – амбиција.

Да се нема никаков план за иднината, да не знаеш што сакаш да бидеш или да работиш или наједноставно кажано – да не знаеш што да правиш со себеси е непривлечно и одбивно за секоја жена.

Премногу амбиција

Да, знаеме дека сега ќе речете дека како жени никогаш не ни се угодува, но не е добро да се оди од една во друга крајност.

Исто како што не чини да се има НУЛА амбиција, подеднакво лошо е да живееш само за својата кариера.

Во превод ниту една жена не сака да ја ставате на второ место, да сте постојано отсустни од дома, а додека сте со неа, глава да не можете да кренете од службени повици, мејлови и пораки.

Лоша смисла за хумор

Човек кој не знае да се пошегува на своја сметка е генерално безнадежен. Особено смешни се оние лутковци кои не знаат да прифатат, ниту да кажат шега. Ако мажот е оној кој последен се смее на вицот затоа што последен го сфатил (или воопшто не го разбрал) не поминува добро во очите на една жена.

Нездрав животен стил

Маж кој не се грижи нималку за себе, својот изглед и своето здравје. Од јадење нездрава храна, до нималку физичка активност и запуштен физички изглед. Сите овие работи укажуваат многу повеќе, односно зборуваат многу за карактерот на една личност. А отсликуваат само една слика – незаинтересиран и неагилен.

Скржавец

Да, без исклучок сите жени ги мразат скржавите мажи. И обратно, да не се лажеме. Нема нешто полошо од маж кој го пребројува секое денарче, ви ги брои залаците, упорно секогаш ја дели сметката и нема срце, ниту желба да почести.

Воедно, мажот кој ќе ве влечка 4 km само затоа што сладоледот подолу е поевтин за 4 денари е безнадежен случај.

Нарцис

Секој сака убаво среден и дотеран маж, но не и оној кој е опседнат со себе и огледалото. 3 различни креми за лице и уште десетици козметички продукти во несесерот. Му треба двојно повеќе време да се подготви за разлика од вас и непрестајно повторува колку добро изгледа и колку е „јак и топ“. Не, благодарам.

Недостаток на манири

Никогаш не му текнува да ви ја отвори вратата од автомобилот или да ве пропушти некаде да влезете прва. За него сите романтични гестови од типот на давање јакна на жената кога е постудено или буќет цвеќе се евтини трикови на кои нема намера да губи време.

Не ве гледа како жена, туку повеќе како цимерка. Нема простор за џентлменство и добри манири.

Маж кој бесрамно се загледува и постојано флертува

Секако дека секому му ласка кога ќе дознае дека некој е заинтересиран за него. Но, мажот кој бесрамно флертува со секоја жена која ќе му се најде на патот или ја загледува без нималку суптилност и такт е изгубен случај.

Во ред е да погледнеш накај убава жена, сите го правиме тоа. Но, со осет.

Неодлучен

Му требаат 2 часа да се одлучи која кошула ќе ја носи и едно 2 месеца да се реши каде ќе оди на одмор. Па дали да тргне со автомобил или со автобус? М?

Чекај, а да не е сепак подобро вака? Не, сепак ќе се вратам на првиот план.

Безброј комбинации и многу многу неодлучност е особина која сите жени несомнено ги вади од такт. Никој не сака маж кој само се „тртка“ наоколу без да донесе одлука.

Мамино синче

Несомнено, најлошиот тип на мажи. „Никој не готви како мамица, никој не ме чува како мамичка“. Секој си ја сака својата мајка, што е нормално, и секое дете треба да има почитување за својот родител. Секако, до граници на нормалата.

Кога на 40 и кусур години се советуваш со мамичка дали да купиш фармерки или да дојде да види дали добро ти стојат, сериозно си имаш проблем.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg