Што се случува со нашето тело ако долго време немаме секс?

Сексот е важен дел од животот на сите нас. Некои целосно се препуштаат и уживаат во сексот, некои се посрамежливи и се плашат да покажат што сакаат во кревет...

shto-se-sluchuva-so-nasheto-telo-ako-dolgo-vreme-nemame-seks-01.jpg

Некои целосно се препуштаат и уживаат во сексот, некои се посрамежливи и се плашат да покажат што сакаат во кревет, а некои пак, апстинираат од секс поради религиозни или морални причини.

Сепак, научно е докажано дека сексот влијае позитивно на целиот организам, па лекарите препорачуваат да се практикува што почесто.

Доколку подолго време немате секс, во телото може да се случат следниве промени:

Влијае на соништата

Нашиот мозок е составен од интересен склоп на хормони задолжени за нашето здравје и среќа. Ако подолго време немаме секс, тоа влијае и на начинот на којшто сонуваме. Некои експерти тврдат дека луѓето кои имаат недостиг на сексуална активност често имаат сексуални соништа.

Стануваме посамокритични

Недостигот на секс се поврзува и со недостиг на хормони поврзани со среќа и задоволство, па така во тие периоди се чувствуваме полошо, посклони сме кон депресија и имаме негативни мисли. Телото нема начин да ги исфрли сите негативности, па често се случува и да ни падне самодовербата.

Се зголемува нивото на стрес

Сексот е природен начин на опуштање и ослободување од сите работи што ни причинуваат стрес. Затоа, кога не го практикуваме сме посклони кон кавги, нервоза поради ситници и зголемено ниво на стрес. Сигнали кои укажуваат на зголемено ниво на стрес се и губење апетит, несоница и главоболки.

shto-se-sluchuva-so-nasheto-telo-ako-dolgo-vreme-nemame-seks-02.gif

Имунитетот опаѓа

Сексот го зајакнува имунолошкиот систем кој потоа може полесно да се бори со бактерии и болести. Кога имаме недостиг на секс, имунитетот опаѓа и телото има помала отпорност да се бори со болестите. Така се зголемува ризикот од настинка и бројни здравствени проблеми.

Се зголемува менталниот капацитет

Ова не важи за сите, но докажано е дека кога апстинираме од секс, енергијата преминува во умствените функции. Така, некои луѓе се попродуктивни во овие периоди, а често и уметниците повеќе творат кога имаат недостаток од секс. Сепак, некои истражувања покажуваат дека сексот ја зголемува функцијата на невроните во мозокот, па за некои луѓе важи и обратното.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
Мажите и жените открија која им е најмалку омилена секс поза (и сигурно ќе се изненадите) (+18) 1000 мажи и жени од Европа и САД кои се во врска, одговараа на анкетни прашања з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg