Колку сексуални партнери имаат луѓето во просек во текот на животот?

Постојано се прават истражувања на тема љубов и секс, а резултатите се секогаш различни. Кога станува збор за бројот на сексуални партнери, никогаш не можеме да кажеме што е премногу, а што премалку.

kolku-seksualni-partneri-imaat-lugjeto-vo-prosek-vo-tekot-na-zhivotot-01.png

Тоа е различно кај сите луѓе. Најновото истражување на оваа тема спроведено од SuperDrug даде интересни резултати.

Вкупно 2.000 испитаници во САД и Европа одговараа на прашањето „Колку сексуални партнери сте имале досега?“.

Според резултатите, жените во просек имаат 7 сексуални партнери во животот, додека мажите околу 6.

Испитаниците во САД одговориле дека седум партнери е идеалниот број на сексуалните партнери во животот не еден човек. Сепак, резултатите не се сосема прецизен показател со оглед на тоа што сите луѓе различно го толкуваат терминот „сексуален партнер“.

Истражувањето исто така покажало и дека и мажите и жените често лажат за бројот на партнери.

Само 67.4% од жените и 58.6% од мажите го кажуваат вистинскиот број кога некој ќе ги праша колку сексуални партнери имале во животот.

kolku-seksualni-partneri-imaat-lugjeto-vo-prosek-vo-tekot-na-zhivotot-02.jpg

Без разлика дали сте во групата со помалку или повеќе партнери од испитаниците во ова истражување, не треба да се грижите.

Сексот е интимна работа која е различна за сите луѓе и е нешто за кое никому не должите одговор или објаснување.  

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...
Ножички со седење – секс поза во која жената има целосна контрола (18+) Можеби сте ја пробале секс позата „ножички“, но дали некогаш сте пробале „ножичк...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg