Љубовни совети од страниците на Џејн Остин

Џејн Остин оживеа многу личности преку своите книги со кои пораснавме. Ема, Елизабет Бенет и Дарси се само мал дел од нив.

ljubovni soveti od stranicite na dzejn ostin 1 copy

Во сите нејзини приказни имаше хаос и романтика, но овие ликови успеаа да поминат низ сите препреки и да ни откријат извонредни вистини за вистинската љубов.

За сите вас кои ги сакате книгите на Џејн Остин, еве неколку лекции за љубов кои ги научивме од книгите а траат до ден денес:

Потруди се да знае дека ти се допаѓа

Ништо не може да ја убие романсата толку брзо како недостаток на флертување. Ова го научивме во страниците на „Гордост и предрасуди“ кога страдавме заедно со Џејн Бенет и господин Бингли кој отиде во Лондон без да каже збогум.

Бингли ја сакаше Џејн, меѓутоа мислеше дека таа не го сака него, затоа што не му покажуваше никакви знаци. Некои луѓе се доволно скромни и не мислат дека ако им покажете малку внимание значи дека им се допаѓате.

Понекогаш треба повеќе убедување и докази.

Делата кажуваат повеќе од зборовите

Дозволете делата да бидат доказ за вистинскиот карактер на човекот, наместо неговите зборови. Многу од ликовите во романите на Џејн Остин знаеја точно што да кажат за да го освојат вашето срце, меѓутоа многу од нив всушност беа себични и лоши.

Господин Дарси, од друга страна, беше чуден и никогаш не знаеше што треба да каже, но со добрите дела го освои срцето на Елизабет Бенет. Не им судете на луѓето додека не ги видите на дело.

Како се однесуваат кон другите

Најдобар начин да запознаете некого е да ги погледнете луѓето околу него. Како се однесува со другите е многу важно, дури и кон луѓето кои биле во неговиот/нејзиниот живот во минатото.

Елизабет Бенет најмногу се вљуби во Дарси кога виде колку многу го сакаат неговата помала сестра и неговите слуги. Ако вашиот партнер има долга историја на измамување на луѓе и себични постапки, тогаш многу е веројатно дека истото ќе ви го направи и вам.

Знајте точно што сакате

Ен Елиот беше млада и несигурна во себе кога Фредерик Вентворт ја запроси. Таа беше вљубена и беше убедена дека богатството и имотот ќе ја направат среќна.

За среќа, Ен доби втора шанса во љубовта, но не секој има ваква среќа. Дознајте што навистина сакате и што навистина ви треба од партнерот пред да направите некој поголем чекор.

Писмата имаат посебна моќ

Во книгите на Џејн Остин бевме сведоци на многу љубовни писма, но во времето кога биле пишувани овие писма тие биле премногу промислени пред да бидат пратени.

Сите писма биле пишувани со почит за разлика од денешните пораки кои ги праќаме спонтано и за кои не размислуваме доволно. Затоа и кавгите се пролонгираат и многу често испраќаме погрешни сигнали на некоја личност кои можат да ни донесат многу неволји.

Потрудете се да не праќате пораки ако не сте сигурни, за подоцна да не се каете.

Вашиот човек од соништата можеби цело време бил пред вашите очи

Како и повеќето хероини од книгите на Остин, многу од нас го бараат човекот од нашите соништа на забави. Но, како што покажа Ема, можеби човекот од нашите соништа е човекот кој никогаш не сме размислиле да го гледаме на тој начин.

Можеби е некој кој не е баш наш тип. Ема поминува низ многу работи пред на крајот да сфати дека вистинскиот човек за неа е всушност нејзиниот многу добар пријател.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg