Совети за успешен брак од 10 земји во светот


Совети за успешен брак од 10 земји во светот

Уште од мали нозе, сите сонуваме за среќен брак и живот како од бајките. Но, за да постигнеме хармонија и складност во брачните односи не постои магично стапче, туку многу работа и посветеност секој ден.

soveti-za-uspeshen-brak-od-10-zemji-vo-svetot-01.jpg

Секој брак е различен и сите партнери имаат различна дефиниција за тоа што значи хармонија во бракот. Но, постојат некои работи кои се исти за сите среќни бракови.

Во продолжение прочитајте ги рецептите за среќен брак од паровите во 10 различни држави во светот:

Франција – Уживајте во убавината на животот

Французите се големи познавачи на естетиката и на убавото. Тие сакаат да уживаат во животот и одбираат да отидат на вечера во ресторан, да се напијат некое квалитетно вино, или да одат на изложба наместо да седат дома и да гледаат телевизија или да чистат.

Според нив, најважни се малите, секојдневни задоволства кои ни ги нуди животот.

soveti-za-uspeshen-brak-od-10-zemji-vo-svetot-02.jpg

Финска – Останете мирни и не избрзувајте со заклучоци

Финците се познати по тоа што немаат изливи на бес и трпеливо чекаат да поминат животните бури, па потоа да изреагираат.

Кај нив не постои хистерија и скандали, туку мирно и трезвено решавање на брачните проблеми и во тоа е клучот на успешните бракови.

soveti-za-uspeshen-brak-od-10-zemji-vo-svetot-03.jpg

Индија – Не размислувајте за развод

Во Индија отсекогаш се почитувале традиционалните ставови за бракот и семејството. Таму не е невообичаено родителите да бараат маж или жена за своите деца.

Колку и да е ова старомодно, таму скоро сите семејства изгледаат хармонично и се почитуваат меѓусебно. Во Индија до развод доаѓа многу ретко.

Наместо партнерите да бараат среќа на друго место, тие учат како заедно да поминат низ сите проблеми и препреки.

soveti-za-uspeshen-brak-od-10-zemji-vo-svetot-04.jpg

Германија – Заедничката трпеза го зацврстува семејството

Германците се многу вредни и голем дел од животот го посветуваат на работата, па поради тоа често знаат да го запостават семејството.

Но, во Германија постои традиција која се пренесува со генерации, а тоа се заедничките оброци, посебно за викенд или за некој празник. Кога семејството ќе се собере на ручек или на вечера, се јаде, се пие, се разговара за сè и сешто.

Тоа за нив е квалитетно поминато време кое е клучно за хармонија и во бракот, и во семејството.

soveti-za-uspeshen-brak-od-10-zemji-vo-svetot-05.jpg

Израел – Сакајте си ги децата и почитувајте ги обичаите

Во Израел, грижата за децата е најважна. Таму татковците уште од почетокот се вклучени во менувањето пелени, заспивањето на бебето и сите други активности поврзани со нивните деца.  

Традицијата во Израел налага децата уште од мали да имаат почит кон постарите, да се грижат едни за други и да си помагаат. Израелците сметаат дека почитувањето на семејните обичаи ја зацврстува врската со членовите на семејството и го прави бракот поотпорен на сите надворешни препреки.

soveti-za-uspeshen-brak-od-10-zemji-vo-svetot-06.jpg

Јужна Кореја – Почитувајте ги постарите

Во семејствата во Јужна Кореја има строга хиерархија која мора да се почитува. Помалите деца ги слушаат постарите членови, сопружниците се почитуваат меѓусебно, ги почитуваат нивните родители и се грижат за нив.

Корејците се многу дисциплинирани на ова поле, а како резултат на тоа имаат успешни бракови и хармонични семејства.

soveti-za-uspeshen-brak-od-10-zemji-vo-svetot-07.jpg

САД – Посетете психијатар ако сметате дека има потреба

Во САД не е невообичано да се побара стручна помош од психолог или психијатар. Тие не практикуваат да им се жалат на најблиските за проблемите во животот, туку за тоа плаќаат стручно лице.

Често, брачните партнери имаат свој семеен психолог кој знае сè за нив и им помага да водат посреќен и поисполнет живот.

soveti-za-uspeshen-brak-od-10-zemji-vo-svetot-08.jpg

Обединети Арапски Емирати - Грижата и посветеноста се најважни

Никој не може да открие што има зад долгите бурки на жените од Арапските земји. Најдоброто од нив е резервирано само за нивните мажи и тоа е нивна света должност.

Погрешни се стереотипите дека жените од овие земји не смеат да учат или да работат, туку треба само да се грижат за домот. Ако тие го одберат тоа, нивните семејства им даваат целосна поддршка.

Клучот на успешните бракови се крие токму во поддршката, посветеноста и грижата еден за друг.

soveti-za-uspeshen-brak-od-10-zemji-vo-svetot-09.jpg

Мексико – Забавувајте се и бидете поспонтани

Важна карактеристика на семејствата во Мексико е тоа што секогаш се весели, насмеани и опуштени и на проблемите гледаат од позитивната страна.

Тие се емотивни полни со оптимизам и не чекаат некои подобри времиња во иднина, туку го живеат животот овде и сега. Често се собираат заедно со семејствата и пријателите и во тие моменти забораваат на сите грижи.

soveti-za-uspeshen-brak-od-10-zemji-vo-svetot-10.jpg

Данска – Удобноста и топлиот дом се најважни за среќа

Данците живеат според популарниот концепт за среќен живот „hygge“ што значи удобност во секојдневието, уживање во малите работи и грижа за себе и за најблиските.

Топло ќебе, шолја чај, миризливи свеќи – hygge е сè што ни прави топлина во душата. Овој концепт ги зацврстува семејните врски и го разубавува секојдневието бидејќи ги потсетува луѓето кои се главните човечки вредности.

soveti-za-uspeshen-brak-od-10-zemji-vo-svetot-11.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Славни парови кои докажуваат дека љубовта може да опстои и без брак Луѓето се запознаваат, се заљубуваат и се венчаат. Но, дали е секогаш бракот нео...
4 клучни совети кои можат да ви го спасат бракот Несомнено е дека сите бракови имаат подеми и падови и доживуваат кризни моменти....
Нашиот брак е стискање на дланките, менување пелени, исплаќање на долг... Фиктивните приказни умеат да бидат фанстастично добри, но нема ништо подобро од ...