7 знаци дека партнерот има намера да ве остави

Доколку во план му е прекин на љубовната врска, тогаш ќе почне да однесува поинаку - непосредно пред раскинувањето. Односно, ќе прави одредени работи, коишто не биле својствени за него во минатото. А, ние ви откриваме кои се тие.

7-znaci-deka-partnerot-ima-namera-da-ve-ostavi-1.jpg

Во споредба со жените, мажите поретко се одлучуваат за прекин на врската, а кога ќе дојде до крај на љубовта, немаат смелост тоа и да го признаат.

Според неодамна спроведеното истражување, само половина од мажите чувствуваат доволна доза на храброст, за на својата партнерка да ѝ изустат дека не се задоволни од моменталната врска. Поточно, да признаат дека сакаат да ја прекинат секоја понатамошна приказна меѓу нив двајцата.

7-znaci-deka-partnerot-ima-namera-da-ve-ostavi-2.jpg

Меѓутоа, постојат седум знаци кои посочуваат дека партнерот има намера да ве остави, а најверојатно и веќе крои стратегија како да ви раскине:

1. Ќе престане да прави планови со вас

Ако во минатото везден сте биле заедно, а сега ви изгледа дека тој ја користи секоја можна прилика, само за да го избегне видувањето со вас, голема е веројатноста дека во врската веќе не ви „цветаат рози“.

7-znaci-deka-partnerot-ima-namera-da-ve-ostavi-3.jpg

2. Ќе почне да се допишува со други жени

Со колешката од работа, со сестрата на пријателот, со девојката која ја запознал претходниот викенд... Можеби нема да ве изневери во вистинска смисла на зборот, но тој веќе знае дека вашата врска нема долго да потрае, па уште сега го „испитува теренот“.

3. Ќе престане да ви се доверува

Некогаш, вие сте била првата личност на која би ѝ се јавил за да ја сподели секоја новина, но тоа повеќе не е случај. Всушност, вие нема веќе ни да знаете што навистина се случува во неговиот живот.

7-znaci-deka-partnerot-ima-namera-da-ve-ostavi-4.jpg

4. Ќе почне да го нервира сѐ што правите

Ако не го паметите својот партнер како претерано раздразлив, тогаш прекумерната лутина и нервоза, веројатно е начинот на кој се носи со своите чувства поврзани со раскинувањето, кои се мошне збунувачки за него.

5. Ќе започнува кавги без реална причина

Притоа, караниците и расправиите се за да ви докаже дека вашата врска повеќе нема смисла.

7-znaci-deka-partnerot-ima-namera-da-ve-ostavi-5.jpg

6. Ќе го избегнува сексот

Не сексот генерално, туку конкретно со вас. А, има ли нешто кое е поевидентно од противење на интимните односи, особено кога се мажите во прашање? Дополнителни објаснувања, веројатно не се ни потребни.

7. Нема да биде среќен кога сте заедно

Вам нема да ви треба долго време за да сфатите дека тој веќе не е ниту возбуден, а ни задоволен во ваша близина. Наместо тоа, многу почесто ќе биде нерасположен и потиштен. Секако дека во секоја врска постојат и таквите денови, но доколку се далеку побројни од среќните, тогаш сѐ е јасно. Крајот се наѕира.

7-znaci-deka-partnerot-ima-namera-da-ve-ostavi-6.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg