Игнорирање на повици: 5 работи кои важат за изневерување, а не вклучуваат секс

Никој никогаш нема да ја открие мистеријата на неверството и зошто некој би го изневерувал човекот кој го сака, но сега го тргаме тоа на страна.

ignoriranje-na-povici-5-raboti-koi-vazat-za-izneveruvanje-a-ne-vklucuvaat-seks-001.jpg

Се фокусираме на многуте начини на кои можете (а, не би требало) да го изневерите партнерот/партнерката. И не секогаш вклучуваат физички контакт.

5 работи кои се сметаат за неверство, иако не вклучуваат секс:

Игнорирање на повиците и пораките

Освен ако не постои добра издржана причина, секако. Да не се залажуваме, невозможно е да не го видите мобилниот подолго од 15 минути.

Откажувате состаноци без причина

Кога откажувањето на состаноците и договорите ќе ви стане опција или навика, бидејќи сте наишле на поинтересна понуда, имајте на ум дека се работи за еден вид на неверство. Времето и присуството на партнерот не треба да го земате здраво за готово.

Врската се врти околу вас

Љубовта често е злоупотребувана и многу често на овој начин – очекувате дека партнерот сè ќе направи за вас или наместо вас. Грешите.

Не се трудите за работите да опстанат

Празните ветувања се вбројуваат меѓу работите кои најмногу повредуваат и ја растураат љубовната врска. Ако кажувате едно, а правите друго, се работи за тип на неверство.

Дозволувате партнерот да планира заедничка иднина, додека вие тајно си планирате посебна

Ова е најлошото можно сценарио и треба да ви се згрози ако го правите. Бидете присутни. Планирајте заедно. Ризикувајте заедно.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
10 знаци дека треба да престанете да се надевате дека партнерот ќе стапи во брак со вас Вели дека не сте во сериозна врска и никогаш не ви дава конкретен одговор кога г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg