Менува имиџ, брзо пламнува: 10 знаци по кои ќе препознаете несреќно омажена жена

Порано или подоцна, речиси секоја жена ќе посака да се „скраси“ покрај еден маж. Меѓутоа, не секогаш бракот подразбира и задолжителна среќа, а тоа најдобро го знаат мноштвото дами кои се незадоволни по крунисувањето на љубовта со партнерот.

menuva-imidz-brzo-izbuvnuva-10-znaci-koi-kje-prepoznaete-nesrekjno-omazhena-zhena-1.jpg

Дел од припадничките на понежниот пол ги искажуваат чувствата јавно, но има и такви кои не се подготвени тоа да го признаат, ниту на својот сопруг, а понекогаш ни на самите себе. Сепак постојат одредени сигнали кои со сигурност укажуваат дека една жена е незадоволна во бракот.

А, десетте знаци кои ја разоткриваат несреќно омажената жена се:

1. Помалку зборува

Кога жената ќе ја намали комуникацијата со сопругот, или, пак, ќе ја сведе на минимум, тоа дефинитивно е знак дека нешто ја измачува.

2. Брзо избувнува

Несреќните жени секогаш се „на раб со нервите“, па лесно го губат трпението и поради најмалите ситници.

menuva-imidz-brzo-izbuvnuva-10-znaci-koi-kje-prepoznaete-nesrekjno-omazhena-zhena-2.jpg

3. Постојано е уморна

Едно истражување открива дека жените во несреќни бракови, вообичаено имаат пониско ниво на хормонот кортизол, а што како нуспојава, меѓу другото, доведува и до хроничен замор.

4. Одбива секс

Жената која е несреќна во бракот, често ќе ги избегнува и допирите од сопругот, особено во постелата.

menuva-imidz-brzo-izbuvnuva-10-znaci-koi-kje-prepoznaete-nesrekjno-omazhena-zhena-3.jpg

5. Има тајни

Во бракот нема место за тајни, а штом тие се појават, тоа значи дека постои незадоволство во љубовната врска.

6. Ја губи довербата

Бракот се темели на меѓусебната доверба, а недостатокот на истата, може да значи дека односите во заедницата веќе не функционираат добро.

menuva-imidz-brzo-izbuvnuva-10-znaci-koi-kje-prepoznaete-nesrekjno-omazhena-zhena-4.jpg

7. Не обрнува внимание

Кога жената ќе го загуби интересот за својот сопруг, тогаш не може да биде ниту среќна со него.

8. Има нови интереси

Ако жената постојано бара нови причини за да биде што подалеку од сопругот, од хобија до излегувања со пријателките, тогаш во тој брак нешто не е во ред.

menuva-imidz-brzo-izbuvnuva-10-znaci-koi-kje-prepoznaete-nesrekjno-omazhena-zhena-5.jpg

9. Размислува само за себе

Жените кои се несреќни во бракот, често знаат да станат себични. Личните интереси им стануваат сѐ поважни, а за желбите и потребите партерот, тие престануваат да водат грижа.

10. Го менува изгледот

И ненадејната промена на бојата на коса, фризура, или, пак, начинот на облекување, може да биде знак дека жената е несреќна во бракот, односно спремна да сврти нова страница во животот.

menuva-imidz-brzo-izbuvnuva-10-znaci-koi-kje-prepoznaete-nesrekjno-omazhena-zhena-6.jpg

 М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Мажите и жените открија која им е најмалку омилена секс поза (и сигурно ќе се изненадите) (+18) 1000 мажи и жени од Европа и САД кои се во врска, одговараа на анкетни прашања з...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...
Ножички со седење – секс поза во која жената има целосна контрола (18+) Можеби сте ја пробале секс позата „ножички“, но дали некогаш сте пробале „ножичк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg