Мажи откриваат: Како се чувствував кога првпат ѝ пружив на девојка орален секс?

Две девици без идеја што да прават или пак искусна партнерка со јасни упатства, каков беше првиот орален секс што ѝ го пруживте на девојка?

mazi otkrivaat kako se chuvstvuvav koga prvpat i pruziv na devojka oralen seks 01

Без разлика дали е добро или лошо, сигурно се сеќавате на првиот пат кога и пруживте орален секс на некоја девојка.

Можеби бевте нервозни и само сакавте да завршите со тоа или пак бевте љубопитни и сакавте целосно да истражите со јазикот, но без разлика како и да се чувствувавте, не сте сами.

Неколку мажи искрено проговорија за своето прво искуство со „давање“ на орален секс:

„Не беше толку лошо. За среќа таа беше гласна околу тоа што сака и тоа беше подобро отколку да лутам наоколу и да правам работи што не и се допаѓаат. Порака до жените – кажете јасно како сакате, тоа ни е од голема помош.“

„Во тоа време не знаев што е клиторис, па комплетно потфрлив. Искрено, имаше многу чуден вкус.“

„Го најдов нејзиниот клиторис и се фокусирав на него, обидувајќи се разни работи за да видам што ќе ѝ се допадне. Изгледа навистина сум погодил затоа што ќе правиме свадба за помалку од еден месец.“

„Не беше добро. Двајцата бевме девици – таа не знаеше што сака и јас не знаев што правам.“

„Таа ми кажа да лижам како сладолед, па го сторив тоа. Имаше добар вкус. Навистина уживав.“

„Не бев свесен за клиторисот, па најголемиот дел од времето го минав под него. Наредниот ден девојката ми покажа фотографија на која клиторисот беше заокружен со црвено. Бев многу поефикасен следниот пат.“

„Техниката ми беше ужасна, но двајцата навистина уживавме. Напредував многу оттогаш.“

„Мојот јазик остана без плунка многу бргу. Не бев подготвен за тоа.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg