30 идеи за есенски љубовни состаноци

Почна сезоната во која сè што сакаме е да се вратиме дома на омилениот џемпер, ќебе и омилената серија.

30-idei-za-esenski-ljubovni-sostanoci-001.jpg

Сепак, почна и сезоната кога љубовта може да западне во монотонија токму од оваа причина.

За да не дозволите врската да ви опстојува затворена во четири ѕида до следната пролет, искористете некоја од овие есенски идеи.

Романтични, секси или секојдневни - 30 предлози за есенски љубовни состаноци:

1. Пикник во двор, на меко ќебенце, со топол чај и испечени костени.

2. Изгледајте филм на тераса, на меки перници, замотани во топол јорган.

3. Испробајте нов рецепт за варено вино со зачини и овошје.

30-idei-za-esenski-ljubovni-sostanoci-01.jpg

4. Три викенди по ред одете на исто место и правете фотки за да забележите колку боите ќе се променат.

5. Останете во кревет цел ден.

6. Направете кафе и седнете на најблиската клупа со убав поглед. Не си заборавајте и прекривка.

7. Поминете една вечер или две во шатор, додека уште не е многу ладно.

8. Испланирајте возење на велосипеди во друг град.

30-idei-za-esenski-ljubovni-sostanoci-02.jpg

9. Правете фотки легнати на купчињата суви лисја. Ќе се исчистат од џемперот, не се плашете.

10. Направете десерт кој вклучува цимет и тиква.

11. Одете на дегустација на вино во локална винарија.

12. Истрчајте мини маратон заедно.

13. Разбудете го детето во себе - читајте страшни приказни во темна соба.

14. Направете чоколаден десерт со чили.

15. Направете си есенска листа на желби – вие одредувате дали желбите ќе бидат од патувачки или секси карактер.

16. Одете на шопинг за секси долна облека.

30-idei-za-esenski-ljubovni-sostanoci-04.jpg

17. Направете алкохолен коктел со вкус на есен.

18. Потоа искомбинирајте ги двете претходни потточки – опуштете се со коктелот и пробајте ја долната облека која ја купивте.

19. Поминете неколку часа барајќи ја идеалната есенска книга и потоа почестете се меѓусебно.

20. Јавајте коњи.

21. Најдете убаво место за да гледате изгрејсонце.

22. И зајдисонце.

30-idei-za-esenski-ljubovni-sostanoci-05.jpg

23. Поминете неколку часа лежејќи на ќебе и гледајќи во ѕвездите.

24. Организирајте си домашна СПА вечер.

25. Направете утрински дејт - во локална пекара нарачајте сè што ви мириса на есен.

26. Направете си карамелизирани јаболка дома.

30-idei-za-esenski-ljubovni-sostanoci-03.jpg

27. Волонтирајте заедно за некој хуманитарен настан.

28. Подновете се со еден куп свеќи.

29. Составете голема сложувалка од есенски пејзаж.

30. Поминете неколку часа барајќи евтини авионски билети за следното зимско патување.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Луѓе споделуваат искуства за брак и врски без секс: „Поминаа три години откако бевме интимни“ „Јас сум во врска без секс и навистина не знам што да правам. Поминаа три години...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...
Прашувам за пријател: „Сопругот дозна дека гледам порно и си замина од дома - како да го вратам?“ (1... „Се изненадив што тој се вознемири. Сега мисли дека не ме задоволува. Толку...
Совети и пози за тивок секс, за кога не сте сами дома (18+) Пуштете музика или телевизор и одберете поза која не бара многу движење на креве...
Исповед на зависник од секс: „Ја изневерив сопругата со 300 жени уште пред да се венчаме“ (18+) „И покрај неверствата, имав секс и со сопругата скоро секој ден. Неретко бев мно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg