6 работи кои мажите ги прават само за жените што ги сакаат


6 работи кои мажите ги прават само за жените што ги сакаат

Го интересира како се чувствуваат вашите најблиски и за него сте убава во секоја пригода.

6 raboti shto mazite gi pravat samo za zenite shto gi sakaat 01

Мажите и жените љубовта за некого ја покажуваат на различни начини.

Ако маж е подготвен јавно да ја покаже љубовта кон некоја жена, тогаш тој има сериозни намери кон неа.

Мажите ретко во полн ек ги покажуваат емоциите што ги чувствуваат кон одредена жена. Сепак според неговото однесување можете да забележите дали тој се грижи за вас.

Еве некои работи кои мажите ги прават само за жените што ги сакаат:

Мисли дека сте прекрасна, дури и во најлошите денови

За него сте прекрасна дама, дури и кога косата ви е несредена, имате подочници и настинка.

Ова е знак дека тој е заинтересиран за вас како личност, а не само за тоа како изгледате. Кога маж сака жена, таа му е убава во секоја пригода.

Се грижи за вашето семејство и пријатели

Вљубен маж знае дека луѓето што ги сакате ви се важни и дека ако тие се среќни и вие сте среќни.

Ако ве сака тој трпеливо ќе ги слуша долгите приказни што му ги раскажувате за животите на вашите пријатели. Ќе ја препознае нивната важност во вашиот живот и дури ќе покаже интерес и решение за проблемите со кои тие се соочуваат.

6 raboti shto mazite gi pravat samo za zenite shto gi sakaat 02

Се бори за вашата љубов

Ако ве сака вистински тој ќе се бори за да ја задржи вашата љубов. И во најснежните зимски ноќи и најпеколните летни денови ќе дојде само за да ве види и да биде со вас.

Маж што ве сака, се чувствува среќен што ве има во неговиот живот и ви дава до знаење дека да ве изгуби вас е последната работа која би сакал да му се случи.

Горд е на вас и вашите постигнувања

Кога маж сака жена, сѐ што таа прави му изгледа како тој да успеал во постигнувањето на некоја цел. Тоа е речиси исто како гордоста што ја чувствува мајка кога нејзиното дете направило нешто добро.

Вљубениот маж не се натпреварува со жената што ја сака, туку ги слави нејзините победи.

Се жртвува за вашата среќа

Ова е еден од најголемите сигнали дека маж сака жена. Ако ги менува своите планови за да направи нешто кое знае дека вас ве прави среќна, тој ви покажува дека ве сака и почитува и дека е подготвен секогаш да ве става на прво место.

Се објаснува/кара со вас

Кавгите не се секогаш знак дека врската минува низ лош период. Ако навистина ве сака и се вложува во врската, тогаш тој ќе одвои време и енергија да се кара, да дискутира и да пронајде решенија за проблемите во вашиот однос.

Повремените дискусии се знак дека тој сака работите да функционираат, сака да пронајдете златна средина, каде двајцата ќе бидете среќни.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои жените не ги поднесуваат кај мажите Веќе сме свесни дека стриите, целулитот, темниот кармин или вештачките трепки нè...
9 невистини за жените во кои мажите сè уште упорно веруваат Во сложениот свет на машко-женските односи сè уште се бориме со одредени стереот...
10 типови на мажи покрај кои нема да пронајдете вистинска среќа Не дозволувајте вашата почетна заљубеност да ве оддалечи од согледување на реалн...