Жените тврдат дека речиси секој маж ги прави овие 6 грешки во сексот

Иако мислат дека се богови во креветот, многу мажи често ги занемаруваат потребите на партнерката.

zenite tvrdat deka rechisi sekoj maz gi pravi ovie 8 greshki vo seksot 01

Повеќето мажи мислат дека се најдобри во водењето љубов, а за сите грешки за кои се обвинети велат дека всушност не е до нив, туку дека жените се многу комплицирани и не знаат што сакаат.

И жените навистина се комплицирани и тешки за разбирање, но дефинитивно знаат што сакаат во креветот. Мажите треба само внимателно да слушаат за да ја разберат женската природа.

Само слушајте ја вашата партнерка и ќе научите како комплетно да ја задоволите.

Најголемиот дел од мажите ги прават овие грешки во сексот:

Ја немаат доминантната улога во сексот

Повеќето жени обожаваат кога нивните партнери водат за време на сексот.

Иако одвреме- навреме добро е и жената да ја потегне акцијата, мажот треба да има одговорност да ја игра доминантната улога за време на водењето љубов.

Претеруваат со форсирање експерименти во сексот

Секоја жена сака нејзиниот маж да има авантуристичка страна, но кога тоа станува премногу - од забавно се претвора во истоштувачко.

Секој маж треба да ги почитува чувствата на неговата партнерка и работите што го возбудуваат треба да ги прави на начин прифатлив и за другата страна.

Не се грижат што сака партнерката

Не постои жена која сака маж што ја тера да ги прави работите што таа не ги сака или прави работи што не ја возбудуваат.

Вашата омилена поза може да биде некомфорна за неа, па не ја присилувајте да ја прави ако не ужива во неа. Уживањето нека биде за двајцата.

Не знаат да се бакнуваат убаво

Секој маж треба да знае како да бакне жена. Премногу лигавење или „слабо“ бакнување не е возбудливо за една жена.

Почнете полека и емотивно и полека забрзувајте го темпото. Не почнувајте во трета брзина.

Не обрнуваат внимание на ерогените зони

Мажите најчесто не го разбираат доволно женското тело и не знаат како да ги исполнат потребите на партнерката.

Важно е да ги научите нејзините ерогени зони и да ја задоволите комплетно.

Вие доживувате оргазам, а неа ја оставате на половина пат                            

Многу момци мислат дека кои тие се „готови“ и нивните партнерки се „готови“, но тоа најчесто не е така.

Мажите можат многу побрзо да доживеат оргазам отколку жените. Посветете ѝ време и внимание - нејзиниот сексуален врв многу потешко се постигнува.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
Бон-тон правила во сексот што секоја културна жена треба да ги знае (18+) По сексот секогаш бидете подготвени да си заминете, освен ако партнерот не ви ка...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg