Тој се здебели, таа неразумно троши: 10 најчести причини за развод


Тој се здебели, таа неразумно троши: 10 најчести причини за развод

Додека на тронот и понатаму е неверството, коешто најтешко се простува, изненадување е дека многумина бараат развод бидејќи неспремни кажале „да“.

toj-se-zdebeli-taa-nerazumno-troshi-10-najchesti-prichini-za-razvod-1.jpg

Некои љубовни приказни траат вечно. На други, пак, ниту ветувањето за верност до крајот на животот не може да им помогне.

Бракот е партнерски однос, пред сѐ, на кој неопходно е постојано да се работи и да се има бескрајно многу трпение. Заложби, кои на мажите и жени од ден во ден им претставуваат сѐ поголем предизвик.

Многу бракови се распаѓаат само неколку години после свадбата, а адвокатите ширум светот задоволно ги тријат рацете, знаејќи дека за нив секогаш ќе има работа.

toj-se-zdebeli-taa-nerazumno-troshi-10-najchesti-prichini-za-razvod-2.jpg

Порталот Marriage.com се обиде да ја разоткрие тажната вистина зад разводите, трагајќи по причините кои доведуваат до прекин на брачната врска.

Спроведено е поголемо истражување со кое биле опфатени припадниците на обата пола, а согласно резултатите до кои дошле, составена е листа со десетте најчести причини поради кои луѓето излегуваат од брачната заедница.

На врвот останува прељубата, која сопружниците тешко можат да ја простат, но изненадува податокот дека многумина бараат развод бидејќи неспремни го кажале судбоносното „да“.

toj-se-zdebeli-taa-nerazumno-troshi-10-najchesti-prichini-za-razvod-3.jpg

Притоа, стапката на разводи е највисока помеѓу брачните двојки кои се во 20-тите. Речиси половина од разводите се случуваат во првите десет години од бракот, особено во периодот помеѓу четвртата и осмата годишнина.

Од друга страна, зачудувачки е и колку од сопружниците сепак не се подготвени да го љубат брачниот сопатник „во добро и лошо“, туку како причина за развод го навеле неговото/нејзиното дебелеење.

toj-se-zdebeli-taa-nerazumno-troshi-10-najchesti-prichini-za-razvod-4.jpg

Од првото до десеттото место, ви ги откриваме најчестите причини што доведуваат до неславен крај на браковите:

  1. Неверство
  2. Пари
  3. Недостаток на комуникација
  4. Постојани расправии
  5. Зголемување на телесната тежина
  6. Нереални очекувања од бракот
  7. Недостаток на интимност
  8. Недостаток на рамноправност
  9. Неподготвеност за брак
  10. Ментално или физичко малтретирање

toj-se-zdebeli-taa-nerazumno-troshi-10-najchesti-prichini-za-razvod-5.jpg

Оваа листа може да им биде од полза и на сите што не се моментално во брак.

Покажува како може да ја изгубите квалитетната врска, доколку не го сфатите партнерот сериозно, или, пак, да потрошите неколку години од туѓиот живот, само заради сопствената неодлучност.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 причини поради кои жените ставаат крај на бракот Познато е дека жените се тие кои подолго се борат за да опстои бракот, отколку м...
Кои години од бракот се најсреќни, а кои најтешки? Не сите парови се свесни за тоа дека кога ќе стапат во брак, обврските во семејс...
Во бракот не е сè мед и млеко: Реални совети од разведени парови Разведените луѓе имаат многу научени лекции за бракот, па нивните совети се смет...