3 клучни работи кои треба да ги направите кога бракот ви е во криза

Живееме во стресно време кога работата, финансиските проблеми и секојдневните обврски знаат негативно да влијаат на бракот.

3-kluchni-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-koga-brakot-vi-e-vo-kriza-01.jpg

Сите бракови поминуваат низ тешки моменти и понекогаш само љубовта не е доволна за да се решат проблемите.

Сепак, секогаш кога ќе почувствувате дека бракот ви западнал во криза, треба да ги направите овие 3 работи:

Фокусирајте се на добрите квалитети на партнерот

Исто како кога се на почетокот на врската и сè ви е убаво, па замижувате пред мааните и можните идни проблеми, така и кога постојано сте во кавги и расправии со партнерот, не можете јасно да ги видите нештата. Мислите дека кавгите никогаш нема да престанат и дека секој ден тонете сè подлабоко.

Но, во овој период е важно да застанете и да размислите за добрите квалитети на партнерот и на вашиот брак. Потсетете се зошто сте го одбрале токму тој животен партнер. Кога ќе почнете да се фокусирате и на позитивните нешта и умот ќе се смири, ќе можете разумно да ги решите сите потешкотии.

Дајте си меѓусебна поддршка

Кога бракот е во криза, обично или еден, или двајцата партнери знаат да се повлечат и да одбиваат да зборуваат за проблемите. Во овие моменти е важно да знаете дека сте на иста страна и дека заедно имаат иста цел – да го спасите бракот.

Нема виновници и негативци – и двајцата имате еднаква одговорност, па дајте си меѓусебна поддршка и заеднички одлучете да се борите за доброто на бракот.

Имајте јасна слика за иднината

Иако работите знаат да изгледаат безнадежно, во главата постојано треба да ви биде мислата дека и ова ќе помине. Сте имале вакви моменти и претходно, па сте се справиле со тоа.

Можеби звучи клише или премногу романтично, но љубовта е најсилното оружје. Ако љубовта е доволно силна, сите проблеми ќе поминат.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Гледам порно филмови - како ми влијае тоа на бракот?“ (18+) „Јас имам 40 години и во брак сум 15 години, од пред извесен период почнав да гл...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg