3 лаги што си ги кажува секоја жена која мисли дека знае сè за мажите

Некои од овие митови започнуваат уште во средно училиште, други се резултат на совети од мајки и најдобри другарки. Сите ние мислиме дека знаеме сè што има да се знае за мажите, а тие немаат никаква идеја за нас.

3-lagi-sto-si-gi-kazuva-sekoja-zena-koja-misli-deka-znae-se-za-mazite-01.jpg

Постојат типови на жени што упорно ги повторуваат овие лаги и што е уште потрагично е – веруваат во нив.

А вистината е дека не е во ред да се труеме ниту себеси ниту другите околу нас со овие 3 невистина и типични стереотипи за машкиот пол.

Кои се трите лаги кои си ги кажуваат одредени жени за машкиот пол?

Мажите сакаат само секс и ќе направат или кажат сè што треба за да го добијат

Можеби нечии мајки упорно инсистирале на ова тврдење, па на крајот сте поверувале во истото. Сега одите наоколу и ја ширите истата агенда.

Мажите сакаат секс исто колку и жените. Тие исто така сакаат да се поврзат со некого, бараат интимност, љубов, разбирање и пријателство.

Ако мислите дека некој ве цени и сака да ве добие само заради тоа што имате вагина, тоа повеќе зборува за вас, отколку за мажите.

Тие пред сè останато ценат самодоверба, а не уплашени и несигурни жени.

Сите мажи се плашат од обврски и брак

Ако мажите сакаат само секс и може реално да го добијат кога сакаат и каде сакаат, зошто тогаш би сакале да се обврзат кон некоја жена?

Не сите мажи се плашат од врски и обврски. Процесот на обврзување на мажите е прилично различен за разлика од оној на жените.

Веројатно знаете многу жени кои запознаваат некое момче, се согласуваат да имаат врска со него, но во задниот дел од мозокот имаат веќе добро подготвена листа на работи што би сакале да ги сменат.

Кај мажите тоа не функционира така. Кога тие конечно ќе решат сериозно да се посветат на некоја жена не размислуваат – супер е, ама треба да смени неколку работи. Не, таа е таква каква што е, тој ја одбрал и ја сака со целото срце.

Затоа начинот на кој се решаваат за врски на долги патеки е малку поинаков од женскиот пристап. Потребно им е малку повеќе време целосно да се посветат некому.

Но, тоа не е причина да ги осудуваме и да им лепиме етикети.

Сите мажи сакаат помлади, згодни жени кои не се ни блиску на нивната возраст

Да, можеби некои новопечени богаташи или мажи кои не виделе жена во животот. Или некои кои поминуваат низ средовечна криза или несигурни и несамоуверени мажи со фрустрации кои сметаат дека згодна девојка ќе биде одличен додаток со која ќе си го пумпаат егото пред пријателите и останатите луѓе.

Сите нормални и самоуверени мажи не гледаат бројки кога станува збор за возраста. Тие бараат жена која е стабилна, која ќе ги разбере, ќе ги стимулира во разговорот и во креветот.

Тие бараат многу повеќе од млади девојки со супер згодно тело и големи гради. Тие бараат мозок, интелигенција, шарм и сочувство. Бараат жена која ќе ги поддржува, покрај која ќе секојдневно ќе созреваат и ќе стануваат подобри.

Некоја која на крајот ќе им рече – се гордеам со тебе, на што тој ќе возврати дека никогаш немало да го постигне успехот без нејзината безрезервна поддршка.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg