Зошто врските пропаѓаат: Кратко упатство како вашата љубов да трае вечно

Сакајте се, трчајте по вашите цели, бидете исполнети, а љубовта сама ќе дојде и опстане.

zoshto-vrskite-propagjaat-kratko-upatstvo-kako-vashata-ljubov-da-trae-vechno-01.jpeg

Веќе е добро познато дека среќата во најголем дел доаѓа од нашиот став, а не од надворешни фактори. Затоа наместо да очекувате партнерот да ве направи среќни, очекувајте само да ве поддржува генерално. Ова очекување е реално и разумно.

За да бидете среќни и задоволни во врската и таа да трае долго прво погледнете кон себе и водете се од овие совети:

Сакањето на себе нека ви биде приоритет

Не можете да сакате некого, ако прво не се сакате себеси како човечко суштество. Секогаш запомнете дека ќе го повлекувате и вашиот партнер надолу кога тонете несреќни и незадоволни од тоа што сте.

Ако не се сакате себе, размислете кои промени ви се потребни за да започнете вистински да уживате во животот и направете ги.

Вежбајте пред огледалото велејќи си „Те сакам“. Почувствувајте ги зборовите и ќе имате позитивни резултати.

Никогаш не губете се себеси

Секогаш одвојувајте време за себе, за следење на своите амбиции, соништа и независни цели. Само со балансирање на времето минато со партнерот и времето минато сами ќе уживате во животот.

Ставете си се на прво место  и ќе имате помалку притисок, а повеќе задоволство.

Изберете среќа

Никој не може да ве направи вистински среќни освен вие самите. Променете го начинот на кој ги гледате работите и работите што ги гледате ќе се променат. Дури и без изговорени зборови, само со позитивна мисла ќе има големо влијание.

Прифатете го животот и работите што без ваша контрола се случуваат во него. Не чувствувајте вина во ситуации за кои не сте виновни. Медитирајте секој ден барем по 15 минути за да постигнете внатрешен мир.

Сакајте природно

Не мора постојано да трагате по врска, ако се чувствувате задоволни сами. Најдобрата стратегија е да бидете тоа што сте и да не ги форсирате работите. Вештачка љубов никому не донела добро.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Бизарни љубовни совети за да се омажите од 90-тите (кои ѝ помогнале на Викторија Бекам да го „улови“... „Ставете кармин дури и кога одите на трчање. Ако имате голем нос, оперирајте го“...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg