Зачинете го сексот со мастурбација: 5 совршени секс пози

Ако покрај пенетрацијата сакате да ја зачините акцијата со допири на вашиот клиторис, овие пози ќе ви го овозможат тоа.

5-seks-pozi-sovrsheni-za-zachinuvanje-so-masturbacija-01.png

Сексот е одличен, но на многу жени им е тешко да дојдат до оргазам.

Решение на проблемот е зачинување на секс позите со мастурбација.

Еве 5 секс пози совршени за тоа:

Мисионерска со споени нозе

Тој е врз вас во стандардната мисионерска поза, но вие можете да додадете оган на акцијата ако ја вовлечете вашата рака под него.

Нозете овој пат нека ви бидат споени и иако сте под него вие ќе можете да ја водите акцијата по ритам што вам ви одговара со помош на движење со колковите.

 5-seks-pozi-sovrsheni-za-zachinuvanje-so-masturbacija-01.gif

Вие на маса, а тој стоејќи

Најдобар начин за да можете да се допирате себеси е да седнете на некој орман или маса и да се навалите назад на некои меки перници. Раширете ги нозете додека тој пенетрира во вас стоејќи.

Вие ќе можете да се допирате, а тој ќе може да ја гледа акцијата одблиску, па за двајцата е добитна комбинација.

5-seks-pozi-sovrsheni-za-zachinuvanje-so-masturbacija-03.gif

Магијата на тушот

Почувствувајте ја магијата на тушот, но избегнете ја подводната пенетрација, така што ќе влезете во празна када. Тој нека биде оддолу, а вие навалете се со грбот на неговите гради.

Насочете го тушот кон вашиот клиторис додека тој ве бакнува по вратот и си игра со вашите брадавици.

5-seks-pozi-sovrsheni-za-zachinuvanje-so-masturbacija-04.gif

Акција на стомак

Легнете на стомакот со перница под вас. Вовлечете ја  раката долу и играјте си со клиторисот, а тој нека биде одгоре.

5-seks-pozi-sovrsheni-za-zachinuvanje-so-masturbacija-02.gif

Зачинета обратна каубојска

Тој нека легне на грб, а вие наместете се над него во обратната каубојска поза. Навалете се на едната рака, а со другата милувајте се долу.

Бонус за срамежливите е што тој нема да гледа што правите. Тој нека ви ги движи колковите, а вие ослободете ја фантазијата што сè можете да сторите со раката.

5-seks-pozi-sovrsheni-za-zachinuvanje-so-masturbacija-05.gif

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
„Жабa во скок“ - секс поза за врвно уживање (18+) Иако на почетокот може да ви изгледа неудобна, ќе се изненадите колку е лесна пе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg