Зошто жените ги оставаат мажите кои ги сакаат?

Модерните жени повеќе би сакале да бидат сингл и среќни, отколку несреќни во врска со погрешен маж.

zoshto-zenite-gi-ostavaat-mazite-shto-gi-sakale-01.jpeg

Велат љубовта не познава за ограничувања, но сепак илјадници врски завршуваат секој ден.

Еве кои се најчестите причини зошто доаѓа крај иако некого сте сакале безрезервно:

Осаменост

Ако жена е во врска, но сепак се чувствува осамено, ќе си замине. Без љубов и поддршка од партнерот таа не може да го достигне својот целосен потенцијал.

Недостиг од почит

Некои луѓе имаат проблем да им ги признаат достигнувањата на партнерите. Кога жена минува часови и часови со еден маж, а тој воопшто не ја слуша и не се интересира за неа и нејзините успеси, нема изговори. Потребни се напори од двете страни за една врска да успее.

Недостиг од секс

Повеќето жени сакаат комплетна интимност, а тоа е невозможно да се достигне ако сексот стане рутина. Спонтаноста е синоним за романса, па ако мажот не е заинтересиран за партнерката, тоа не е ниту романтично, ниту секси.

Растење во различни насоки

Луѓето растат и се менуваат. Нивните желби и потреби се менуваа, но понекогаш не во иста насока со оние од нивните партнери. Откако на партнерите значително ќе им се одвојат патиштата, тогаш врската е осудена на пропаст.

Недостиг на забава

Не е само недостигот на секс проблем, проблем е и недостигот на спонтаност и забава во врската. Ако поради дневните рутини мажот ја запоставува партнерката и не внесува новости, тогаш таа ќе се чувствува презаситена од својот моментален живот и ќе направи промена.

Недостиг на ментална конекција

Многу модерни жени сакаат мажите да ги ценат поради работите што ги кажуваат и работите што ги прават во животот. Во модерниот свет за жените не постои неопходност за да се омажат, туку само желба, па ако не чувствуваат ментална конекција со него зошто би се осудиле на живот со него?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg