Приватен детектив открива 4 знаци по кои ќе познаете дека сопругот ве изневерува

Дејвид Кинг, главниот човек во австралиската детективска агенција, Lipstick Investigations, зборуваше за најчестите знаци кои сведочат за неверството на мажите.

privaten-detektiv-otkriva-4-znaci-po-koi-kje-prepoznaete-deka-soprugot-ve-izneveruva-01.jpg

Според него, жените кои им се обраќаат на детективите за докази, во речиси 80% од случаите се во право.

Причината заради која тие изнајмуваат детективи за следење на сопругот е тоа што тие знаат како да ги забележат деталите кои го откриваат мажот.

Ова се најчестите 4 знаци заради кои жените се сомневаат во неверство, а детективите докажуваат дека се во право и дека не е „лажна тревога“:

Прв знак

Првиот и најочигледен знак е тоа што мажот почнува повеќе да се грижи за себе и својот изглед – нов парфем, нова фризура, редовно бричење и средување, нов стил во облекувањето…

Доколку сите овие промени се случуваат одеднаш, а не се со цел да ви го привлече вниманието на вас и да поминувате повеќе време заедно, тогаш веројатно сопругот се менува за некој друг.

privaten-detektiv-otkriva-4-znaci-po-koi-kje-prepoznaete-deka-soprugot-ve-izneveruva-02.jpg

Втор знак

Нормално е секој да има свои лични работи и да не ги споделувате баш сите информации и секако, не треба да си ги проверувате телефоните, пораките и мејловите. Но, не значи дека е нешто страшно доколку го земете телефонот на партнерот за да се сликате или јавите некаде, или пак понекогаш да одговорите некому доколку тој ви каже дека може.

Па, со оглед на тоа, доколку вашата врска е сериозна и си верувате и досега сте немале проблем со приватноста и одеднаш сопругот почне да става лозинки секаде и го чува телефонот само со себе, време е да се посомневате дека нешто крие.

privaten-detektiv-otkriva-4-znaci-po-koi-kje-prepoznaete-deka-soprugot-ve-izneveruva-03.jpg

Трет знак

Третиот знак кој го издава неверниот партнер е нервозата и претерано агресивно однесување. Тој од секое ваше прашање може да создаде кавга и изгледа како сè што е од вас да му пречи. Постојано наоѓа повод за конфликти и потоа се повлекува и цел ден не разговара со вас.

Всушност, мажите во таква ситуација едноставно се обидуваат да се ослободат од вината која постојано ја чувствуваат и со цел да си најдат оправдување за своите дела, ве обвинуваат вас за сè и сешто.

privaten-detektiv-otkriva-4-znaci-po-koi-kje-prepoznaete-deka-soprugot-ve-izneveruva-04.jpg

Четврт знак

Четвртиот знак кој покажува неверство на партнерот е неговото постојано излегување сам, без вас. Ако тој порано цело време бил иницијатор, исто како и вие, да одите заедно во кино, ресторан, на прошетка и дружба со пријателите, а сега постојано наоѓа причини да оди сам некаде, ова е моќен знак.

Најверојатно тој си нашол некој со кој му е попријатно друштвото, па се обидува да го скрие тоа од вас и си наоѓа изговори за состаноци и „машки дружби“.

privaten-detektiv-otkriva-4-znaci-po-koi-kje-prepoznaete-deka-soprugot-ve-izneveruva-05.jpg


Важно:
Овие знаци не се ништо ново и сигурно и досега сте ги знаеле, а можеби и сте се сомневале заради нив. Важно е да запомните дека поединечно, секој од овие знаци можеби не значи ништо и се случајност или последица на тековните настани. Но, доколку се случуваат повеќе од овие знаци одеднаш, тоа е сигнал кој не треба да се игнорира.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 знаци дека имате одличен сексуален живот со партнерот (број 6 е клучен) Сметате дека вашата предигра е подобра од нечиј сексуален чин, постојано комбини...
9 знаци дека партнерот ви е лојален (и може да му верувате) Што е тоа што лојалниот партнер го прави поинаку од другите? Како да препознаете...
Најчестите работи кои луѓето ги мразат кај своите партнери (според експертите за врски) Што мразите вие најмногу кај вашиот партнер? Која негова карактеристика или одне...
„Не сте привлечни бидејќи сте интелигентни“: Секс експерт е мета на критики за советите за сингл жен... „Најверојатно не сте толку примамливи затоа што сте премногу интелигентни, а нек...
Колкав нос, толкава машкост – Дали големината на носот навистина посочува на големината на половиот ... Долго време се тврди дека големината на носот, стапалата и дланките може да биде...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg